Керол Денверс станува еден од најпопуларните херои во универзумот кога Земјата ќе се најде на средината во галактичката војна меѓу две вонземни раси
rn
Режија: Ана Боден, Рајан ФлекrnrnУлоги: Бри Ларсон, Семјуел Л. Џексон, Бен МенделсонrnrnВреметраење: 124 минутиrnrnПремиера: 08 март 2019rnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: акција, авантура, научна фантастикаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=Z1BCujX3pw8rnrnНајновото продолжение во универзумот на Марвел доаѓа во совршениот момент пред долго очекуваниот „Одмаздници: Завршница“ (Avengers: Endgame). Овој пат ја запознаваме Капетанката Марвел, чија улога ја толкува незаменливата Бри Ларсон. Со својот брилијантен перформанс, таа целосно ја оживува првата суперхеројка на Марвел што добива свој сопствен филм и без сомнение ќе биде еден до најинтересните ликови досега.rnrn
rnrnШто се однесува до самата приказна, морам да признам дека филмот не е нешто невидено или нешто што ќе се помни уште долго. Станува збор за типично претставување на нов Марвел лик, во комбинација со дел од најсаканите карактери досега и крај што можете да го предвидите од самиот почеток. Имајќи го тоа на ум, има нешто што никогаш нема да го заборавиме, а тоа е огнениот карактер на Вирс.rnrn
rnrnТаа е бестрашна, иако не знае која е и од каде потекнува. Вирс го изгубила своето сеќавање пред 6 години и сега се обидува да го најде своето место на планетата на Кри. И иако таа е убедена дека припаѓа таму, по сплет на околности ќе заврши на планетата Земја и ќе почне да открива дека можеби нејзината амнезија не е случајна. Работејќи рамо до рамо со единствениот Фјури (Семјуел Л. Џексон), таа ќе ја открие својата историја и конечно ќе ја пронајде својата мисија.rnrn

