Возбудлива авантура некаде длабоко во вселенатаrnrn
Режија: Џеј Џеј АбрамсrnrnУлоги: Крис Пајн, Закари Квинто, Зои Салдана, Бенедикт КамбербачrnrnВреметраење: 132 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 16 мај 2013rnrnЖанр: акција, научна фантастика, авантураrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn
rnЅвездени патеки во мрак (Star Trek Into Darkness) е продолжение на филмот „Ѕвездени патеки“ (Star Trek) кој првпат беше прикажан пред 4 години. Слично како и првиот дел, ниту овој нема многу врска со оригиналната култна телевизиска серија. Нема повторување на настаните од неа, туку само црпи инспирација оттаму. Фановите на серијата се разочарани од овој филм, а оние кои не можеле да ја поднесат се воодушевени. На крајот на краиштата, се работи за извонредна научно-фантастична акција со добра приказна и брилијантни визуелни ефекти чија цел е да му дадат возбудливо искуство на гледачот и целосно успеваат во тоа.
Акцијата започнува таму каде што заврши во првиот дел. Џим Кирк (Крис Пајн) е капетан на УСС Ентерпрајз и го губи бродот поради сопствената недисциплина. Капетанот Кристофер Пајк (Брус Гринвуд) го презема, но набргу ќе биде убиен од одметник од Ѕвездената флота, агентот Џон Харисон (Бенедикт Камбербач). Веднаш по терористичкиот акт Харисон побегнува на Кронос, земјата на Клингонците.
Адмиралот Александер Маркус (Питер Велер) му го враќа УСС Ентерпрајз на Кирк и веднаш го праќа во потера по него. Му наредува да го убие веднаш штом го здогледа, заради што го наоружува со исклучително моќни торпеда. Иако одметникот е лоциран, предизвикот за Кирк и неговиот екипаж е многу голем. Тие треба да го елиминираат Харисон на клингонска територија, но Клингонците се во затегнати односи со Земјаните и евентуална грешка може да доведе до општа војна во вселената.
Ова е високобуџетен блокбастер. Спастрен е како што се очекува од еден таков проект, од солидна приказна, неизвесност, пресврти, акција па сè до кинематографија, костимографија, глума, музика и сè останато. А, особено брилираат визуелните ефекти. Вселената е прекрасно место да се одвива едно филмско дејство кога визуелните ефекти се како во „Ѕвездени патеки во мрак“. Ако го гледате во 3Д, кино салата може да ви изгледа мала откако пред тоа ќе го почувствувате бескрајниот отворен простор. Олку живописно патување во длабочините на вселената, искусувајќи ги сите нејзини темни нијанси додека траат беспрекорно изведените битки, досега не сме виделе на филм.
Ако имате можност да го гледате во 3Д техника, задолжително искористете ја. Тоа ќе бидат одлично потрошени пари. Во спротивно, почекајте снимка со добра резолуција која ќе ви ја долови авантурата во вистинско светло. Потрудете се да си обезбедите што подобри услови за гледање, затоа што ова е еден од оние филмови кои ви се потребни кога ви се гледа добар авантуристички филм полн со акција кој потоа ќе им го препорачувате и на другите да го гледаат.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
