Најопасниот поранешен оперативец на ЦИА открива нови информации за своето минато
rn
Режија: Пол ГринграсrnrnУлоги: Мет Дејмон, Томи Ли Џоунс, Алиша ВикандерrnrnВреметраење: 123 минутиrnrnПремиера: 28 јули 2016rnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: акција, трилерrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnМногумина би рекле дека „Џејсон Борн“ е сосема непотребен филм, но тоа не го прави лош за гледање. Проблемот е што не постои добра причина за франшизата која доминираше со претходната декада да се врати на големото филмско платно, особено кога станува збор за тура низ најголемите филмски моменти од претходните делови. Имајќи го ова на ум, постојат и неколку сцени каде што овој филм навистина заживува. Дури и новиот карактер, толкуван од страна на Алиша Викандер, добитничка на Оскар, е одличен додаток на тимот. Но, сепак, општото чувство кое ќе го добиете додека го гледате овој дел е дека има премногу навраќања на веќе видени сцени.rnrn
rnrnПриказната започнува така што можеме да го видиме главниот карактер како се крие од јавноста и се препушта на борби за пари, кога еден стар пријател ќе го врати назад во игра. Наводно постојат нови информации кои тој треба да ги знае за тајната програма на ЦИА која го создала него, но и која му го згорчила животот. Ова не е нешто што досега не сме го виделе во претходните делови, но како основа за самата приказна, сепак е добро составено. Ако ги тргнеме настрана повторувањата, филмот сепак ни дава неколку свежи детали. Еден од нив е и ликот на Алиша, Хедер Ли – компјутерски гениј кој понекогаш работи за, а понекогаш против Борн, во зависност од нејзините сегашни цели.rnrn
rnrnСо неколку зборови, ако сте долгогодишен љубител на Џејсон Борн, тогаш без сомнение ќе ви се допадне и овој дел. Особено ако уживате во носталгичните навраќања на минатото. Но, не ни верувајте нам. Дајте му шанса и потоа споделете го вашето искуство со нас.