Автор: Александар НиневскиrnrnКомедија за една девојка која е приморана да се пресели од Њујорк во здодевно предградие…rnrn
Главни улоги: Џереми Систо, Џејн Леви, Ана Гастејер, Рекс Ли, Карли Чалкин, Шерил ХајнсrnrnЖанр: комедија, ситкомrnrnКреатор: Емили КапнекrnrnПремиера: 28 септември 2011rnrnБрој на сезони: 1 (во тек)rnrnВреметраење: 20 минутиrnrnНаша оценка: 8rn
rn
rnПриказна: Оваа интересна серија го опишува животот на една тинејџерка Теса во измисленото предградие на Њујорк кое се вика Четсвин. Кога Џорџ, таткото на Теса, пронаоѓа неотворена кутија со кондоми во нејзината соба, тие веднаш се преселуваат во предградието, за Џорџ да може подобро да ја контролира својата ќерка.
Во суштина, серијата ги прикажува разликите помеѓу градот и предградието во Америка преку ликот на Теса и иако тоа звучи здодевно, сепак серијата е доста интересна и забавна. Серијата на моменти потсетува на „Очајни домаќинки“ само со помалку драма и сплетки и со повеќе хумор.
Екипа и глума: Иако голем дел од актерите во серијата се нови и непознати, сепак одлично си ја извршуваат работата. Покрај Теса и нејзиниот татко Џорџ, тука се и најпопуларната девојка во училиштето Далија и нејзината мајка Далас (која има доста интересни сцени со Џорџ). Потоа тука се и нивните соседи Шеј, кои се слика за идеално семејство, како и многу други помали ликови кои само ја надополнуваат одличната актерска екипа.
Кога и како да ја гледате: Серијата може да ја гледате навечер за да се опуштите и насмеете во добро друштво.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
