КАФЕ ПАУЗА

Бразил (Brazil)

Гостински пост: Дона ЏамбаскаrnrnФилм за едно имагинарно, но можеби не толку различно општествоrnrnБразил (Brazil) rnrnГлавни ликови: Џонатан Прајс,rnrnРоберт де Ниро, Кетрин Хелмонд, Јан ХолмrnrnРежисер: Тери ГилиамrnrnЖанр: драма, фантазија, научна фантастикаrnrnВреметраење: 132 мин.rnrnПремиера: 18 декември 1985rnrnЈазик: англискиrnrnМузика: Ари БаросоrnrnНаша оценка: 10/10rnrn________________________________________________________________________________________________________rnБразил е надреалистичка, мрачна визија за „совршена“ иднина каде технологијата е супериорна. Инспириран од познатата „1984“ напишана од Џорџ Орвел, секој кој живее во општеството кое е отсликано во 1984, а потоа и во Бразил, е постојано набљудуван од владата (Големиот Брат) која забранува љубовта и емоциите на луѓето да му застанат на патот на успехот.rn_____________________________________________________________________________________________________________rnrnРежисерот Тери Гилиам, кој важи за еден од најдобрите режисери во историјата на кинематографијата, најпрвин сакал филмот да го нарече токму 1984. Бразил ја претставува имагинацијата како единствениот излез од бесмислен и проблематичен свет.rnrn.rn

Полицаец: „Ова е сметката за вашиот сопруг… а ова е мојата сметка за вашата сметка.“

rnВо текот на филмот приказната се фокусира на Сем Лори (Џонатан Прајс), просечен работник од средната класа изгубен во масивниот бирократски систем кој доминира низ целиот филм. Сем, излезот од овој систем го наоѓа во своите соништа и фантазии, во нив тој има крилја, тој е херој кој ја спасува својата дама од огромниот самурај.  Приказната од филмот се испреплетува во потрагата на Сем по девојката од неговите соништа, што е посложено одошто звучи.rn.rnrnrnПриказна: Се започнува со печатна грешка. Откако името на криминалецот Татл ќе биде грешно запишано како Батл, приказната почнува да се заплетува. Невиниот Батл ќе биде по грешка отстранет од општеството, наместо криминалецот кој сите го бараат (Роберт Де Ниро). Кога Сем го посетува станот каде живее семејството на грешно осудениот Татл, и се труди да ја олесни и објасни ситуацијата, тој ја здогледува девојката од неговите соништа – Џил Лејтон. Иако Сем е тој кој се труди да ја коригира направената грешка и последиците од истата, тој е тој кој се вовлекува сè повеќе и повеќе во проблемите кои таа ги предизвикува. Неговата ситуација уште повеќе се влошува кога тој доаѓа во контакт со вистинскиот Татл.rnrn(2) БразилrnrnКинематографија: Бразил е помеѓу првите пет од 20те најдобри филмови со научно-фантастична тематика, како и меѓу првите 10 на листата од 50 култни филмови. Изгласан е за најдобар филм во 1985 година. Филмот го има визуелниот стил и имагинацијата што го прави прекрасен за гледање, но и неговите идеи кои го прават филмски класик.rnrn.rn

Џек Линт: „Не е моја вина што резултатите за состојбата на Батл не се појавија во досието на Татл!“

rnИнтересни податоци: Бразил е еден од најдобрите филмови на овој феноменален режисер и можеби најмрачниот пред снимањето на „Дванаесет Мајмуни“ (со Брус Вилис). Тој е првиот филм кој тој го снима после „Монти Пајтон“.rnrnКога Гилијам ја вршел селекцијата на актери, тој намерно одбирал непознати, сè уште не развиени, но талентирани актери.rnrnБразил го добива името по песната која е одбрана да биде главна музичка тема во филмот – “Aquarela do Brasil”.rnrn(4) БразилrnrnКога и како да го гледате? Филмот е „измислен“ да биде гледан во оние моменти кога знаете дека сакате да видите нешто квалитетно, легендарно, нешто од што ќе можете да научите многу и нешто што ќе ве натера да размислувате. Тој можеби засекогаш ќе го смени начинот на кој ги резонирате работите околу вас.rnrnСлични филмови: „Дванаест мајмуни“ (Twelve Monkeys), „Имагинариумот на доктор Парансус“ (The Imaginarium of Doctor Parnassus), „В за Вендета“ (V for Vendetta)