rn
8. Знакот (The Omen)
rn
rnrnЧудните настани кои го опкружуваат овој филм се премногу морничави за да се сметаат за случајност. Да почнеме со Грегори Пек. Кратко по прифаќањето на улогата на татко кој има злобно дете, неговиот син се застрелал без објаснување. И покрај тоа, Пек одлучил да продолжи со снимањето. Кога летал кон локацијата за снимање, неговиот авион бил погоден од гром. Моторот на авионот се запалил и речиси се срушил. Двајцата сценаристи, Дејвид Селцер и Мејс Њуфилд, го доживеале истото во одделни прилики. И ова е само дел. Автомобилски несреќи, напади од кучиња и многу други средби со смртта, продолжиле во текот на целото снимање.rn
9. Повикување на злото (The Conjuring)
rn
rnrnКога правите филм според вистински настан, многу е веројатно да привлечете погрешно внимание. За среќа, на овој сет немало смртни случаи, но секој од актерите искусил нешто чудно. Многу често сценаристите разговарале со семејството Перон, вистинските луѓе кои го искусиле опседнувањето. При разговорите, звукот на телефонот бил чуден или пак врската целосно прекинувала. Каролин Перон, која била во Атланта за време на продукцијата, почувствувала некакво присуство во нејзиниот дом и паднала, а поради ова завршила во болница. После тоа, целата актерска екипа морала да го напушти хотелот поради пожар.rn
10. Ужасот во Амитивил (The Amityville Horror)
rn
rnrnИ овој филм е направен според вистинската приказна на едно семејство кое било мачено од духови во нивниот нов дом. Во првиот филм, направен во 1979 година, Џејмс Бролин требало да ја игра улогата на Џорџ Луц, но бил неодлучен. Кога ја читал книгата, неговите панталони паднале од закачалката, а ова го исплашило. Подоцна тој се согласил за улогата. Во верзијата од 2005 година со Рајан Рејнолдс, Рајан тврдел дека и тој и целата актерска екипа се буделе во 3:15 наутро, исто како и убиецот. Пред да почнат со снимање, на брегот во близина на куќата од филмот се појавило мртво тело.rn
11. Егзорцист (The Exorcist)
rn
rnrnФилмот кој е забранет во многу земји си има неколку клетви. За време на продукцијата, сетот за домот на Мекниел се запалил, а ова го одложило снимањето. Интересно, но собата на Реган воопшто не била допрена од огнот. Елен Бурстин, која ја игра мајката на Реган, била повредена за време на снимањето кога Реган ја фрлила на подот. Исто така, двајца од актерите чиј лик умрел во филмот, по завршувањето на снимањето умреле и во вистинскиот живот.rn
12. Трошка надеж (Quantum of Solace)
rn
rnrnСеријалот со тајниот агент Џејмс Бонд си има свои несреќи, но „Трошка надеж“ ги надминува сите. За време на снимањето, Даниел Крег несакајќи го исекол врвот на неговиот прст. Во друга прилика, неговото лице било исечено толку лошо што требало да го зашијат. Но тоа не е сè! Пожар направил огромна штета на сетот, а неколку каскадери биле сериозно повредени кога ги изведувале сцените со автомобили. Филмот резултирал со измешани критики и многу ниска заработка за филм со Џејмс Бонд.rn
13. Бебето на Розмери (Rosemary’s Baby)
rn
rnrnРежиран од Роман Полански, овој филм беше огромен успех. Но после неговото издавање работите тргнале на лошо. Вилијам Касл сакал да го режира филмот, но завршил како негов продуцент. По завршувањето на работата на филмот тој почнал да добива многу писма со омраза. Потоа, неговото здравје значително се влошило. Тој страдал од камења во бубрезите речиси целиот живот по филмот. Режисерот на филмот умрел по издавањето на филмот од згрутчување на крвта. Токму ова ја убива пријателката на Розмери во филмот. И на крај, сопругата и неколку пријатели на Роман Полански биле брутално убиени од семејството Менсон.rn
14. Волшебникот од Оз (The Wizard of Oz)
rn
rnrnВолшебникот од Оз предизвика многу митови во негово време. Додека некои се целосно погрешни, како на пример дека во филмот се гледа човек што навистина се обесил, постојат некои кои се вистински. Самата продукција била целосна катастрофа, многу режисери доаѓале и си заминувале. Сребрената шминка која се користела за Железниот човек, му предизвикала компликации со белите дробови на актерот. Потоа, несреќа со пиротехниката ја изгорела актерката која ја глуми вештерката. И таа завршила во болница. По снимањето на филмот, клетвата си продолжила. Френк Морган, кој го играл ликот на Оз, имал тешка сообраќајна несреќа. Актерките Клара Блендик (тетка Ем) и Џуди Гарланд (Дороти) неколку години подоцна извршиле самоубиство.rnrnПогледнете ги и овие филмови кои ќе ви го исполнат викендот.
