rn
6. Рори Ошеа беше овде (Rory O’Shea Was Here)
rnСветот на Мајкл, кој страда од церебрална парализа, целосно се превртува кога нов пациент, Рори, пристига во домот. Рори е во инвалидска количка поради атрофија на мускулите. Тој не само што не се жали за неговата состојба, туку го живее својот живот најдобро што може. Пренесувајќи му го овој став на Мајкл, тој му покажува нови можности за среќа.rn
7. Животот е убав (La vita è bella)
rnЗа време на Втората светска воја, Гвидо и неговиот мал син се затворени во камп за Евреи. Мажот, сакајќи да го спаси животот на својот син, му кажува дека сѐ што се случува е игра, а главната награда е вистински тенк. За да „победи“, тој не треба да дозволи да биде забележан од стражарите. Момчето верува во оваа приказна и почнува активно да се крие за да преживее. Прекрасен филм кој покажува љубов и добрина и кој ве тера и да се смеете и да плачете.rn
8. Седум животи (Seven Pounds)
rnБен Томас не може да ја заборави сообраќајката во која загинуваат 7 луѓе, вклучувајќи ја и неговата свршеница, поради негово невнимание. Прогонуван од неговата вина, тој наоѓа начин да ја поправи грешката од минатото. Жртвувајќи ги своите органи, тој им помага на луѓето да преживеат и надоместува за изгубените животи во несреќата. Никој не може да се воздржи од плачење додека ја гледа менталната тортура на главниот лик.rn
9. Девојка од милион долари (Million Dollar Baby)
rnМеги сонува за кариера во боксирањето. Френки Дун е тренер кој е изморен од животот и не е многу воодушевен за тренирањето на новата девојка. Сепак, кога ја гледа нејзината желба да стане шампион, тој се согласува да ја тренира. Овој филм е за внатрешната борба и за исполнување на многу посакуваната желба.rn
10. Гладијатор (Gladiator)
rnГолемиот воин Максимус требало да стане наследник на Римската Империја. Кога го дознал ова, синот на императорот го осудил на смрт. Чудесно избегнувајќи ја смртта, Максимус станува гладијатор. Тој повторно се соочува со неговиот непријател, но овој пат во гладијаторската арена. Изведбата на Расел Кроу ги освои срцата на гледачите уште од првата минута на филмот.
Погледнете и некои од најдобрите европски филмови.

