Во изминативе неколку години, со развојот на социјалните медиуми, сѐ повеќе и повеќе луѓе со креативни идеи пробуваат да се втурнат во Jутјуб индустријата. Едни од оние кои успеале да се пробијат низ густата конкуренција се младите момци од „Yes Theory“.rnrn
rnrnИако многумина се обидуваат да ја придобијат публиката со хумористични видеа, она што ги одвојува „Yes Theory“ од останатите е всушност нивната животна филозофија на кажување „Да“ на работите кои изгледаат невозможни. Со тоа дополнително сакаат да ги поттикнат луѓето да испробуваат нови работи за кои можеби немаат храброст, и да докажат дека апсолутно сѐ е возможно.rnrnНивниот Јујтуб канал започнал од едноставна, но инспиративна идеја, која за неколку години прераснала во компанија која ги поттикнува фановите да излезат од својата комфорна зона и да почнат да го живеат животот со полна пареа.rnrnТомас, еден од членовите, му ја претставил својата замисла на пријател кој случајно го запознал неколку месеци пред реализацијата на проектот. Непосредно пред снимањето, кое се одвивало во Монтреал, Канада, тој запознал уште двајца момци кои требале да помогнат околу снимањето, а доаѓаат од сосема различни страни на светот. Оваа идеја неверојатно многу им се допаднала и веднаш ја прифатиле, па до ден-денес се дел од неа и заеднички ја развиваат. Оваа идеја го добила името „Проект 30“, и претставувала снимање на 30 работи кои тие никогаш не ги направиле во рок од 30 дена. Секој ден во текот на тие 30 дена прикачувале по едно видео, каде успешно ги совладуваат предизвиците кои претходно самите си ги поставиле.rnrn„Проект 30“ содржи различни теми, од првата депилација што ја направиле во животот, до дружба со градоначалникот на градот, секое од нив со неверојатно хумористична конотација.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=BY_bep9gDlo&list=PLexkHoTXo4UouajtFsiflNvosVJ1YKX01rnrnОткако успешно го завршиле проектот, забележале дека нивната работна и креативна енергија добро се совпаѓа, па решиле да продолжат заедно да работат на нови видеа. Денес, нивниот Јутјуб канал има над 5 милиони претплатници.rnrnВо текот на годините, секој од членовите искусува нешта што отсекогаш ги сакал, нешта од што се плашел, но тие прифаќаат и предизвици кои самите гледачи ги предложуваат во коментарите.rn
Посета на најмалку посетената држава во светот
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=ODuEl4oNae0rn
Организирање забава во најздодевниот град во Америка според Гугл
rnhttps://youtu.be/uSd_tZ3gMWcrn
Патување на место кое ќе се падне со вртење на домашниот глобус каде случајно запознаваат и плаќаат патување за личност со неверојатно инспиративна животна приказна
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=kOZnpwI2hIMrnrnНивниот збор стигнал и до познатиот Вил Смит, кој го предизвикале да каже „Да“ на летање со параглајдер, кое тој го прифатил и одлучил да го направи за неговиот 50-ти роденден. Летањето беше проследено од многу познати медиуми и објавено на официјалниот Инстаграм профил на Вил Смит.rnrnhttps://youtu.be/KSu6gRp7UBArn
Убедување странци на аеродром да ја сменат насоката на патување на еден ден, што се претвора во авантура која странците со душа ја чекале
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=00fGpWJ1r0grnrnНивните монтажери со кои подоцна почнуваат да соработуваат, создаваат хумористична емисија за готвење на посебен канал.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=Qy1jwHg8fQMrnrnОвие момци повеќе од сѐ ги ценат своите следбеници. Покрај тоа што ги прифаќаат нивните предизвици, им помагаат и да ја добијат работата од соништата, пробуваат различни видови исхрана со цел да ги информираат гледачите, организираат и финансираат бројни еднодневни екскурзии со различна цел и објавуваат посебни видеа на социјалните медиуми каде ѝ се обраќаат на публиката и ја инволвираат во нивната содржина.rnrnОваа група млади момчиња денес, покрај големиот број следбеници, имаат и свој бренд на облека во која преовладува фразата „Seek Discomfort“ (Барај неудобност). Ова е уште еден начин на кој тие успеваат да ги мотивираат луѓето да излезат од комфорната зона и да докажат дека секој може да го живее животот од своите соништа.rn
Автор: Анастазија Стошиќ

rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrnЗа повеќе фотографии, продолжете на 
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrnЗа повеќе фотографии продолжете на 

rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги и овие 
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnЗа повеќе фотографии продолжете на 
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnЗа повеќе фотографии продолжете на 
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnЗа повеќе фотографии продолжете на 
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrnЗа повеќе илустрации продолжете на 
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrnЗа повеќе фотографии продолжете на