КАФЕ ПАУЗА

Category: Филм

  • Нова романтична комедија со прекрасната Џенифер Лопез и уште една латино ѕвезда!

    Нова романтична комедија со прекрасната Џенифер Лопез и уште една латино ѕвезда!

    Филмските улоги во романтични комедии дефинитивно ја одведоа Џенифер Лопез во редовите на најпрепознатливите актерки. Оваа година таа ќе се обиде повторно да ги украде срцата на публиката со уште еден филм.rnrn„Marry Me“, во која глуми со уште латино ѕвезда – Малума и со актерот Овен Вилсон, е приказна која следи позната пејачка (Џенифер) која требаше да се омажи за подеднакво славен музичар (Mалума) пред многу фанови, но неколку моменти пред да го каже нејзиниот завет дознава дека тој бил неверен и таа решава да се омажи за друг. Односно, таа решава да се мажи за странец (Овен) кој во публиката држи знак на кој пишува „Омажи се за мене“.rnrnТрејлерот за филмот сè уште не е објавен, но кратко видео кое ги прикажува главните sвезди и неколку сцени од филмот е објавено на официјалниот профил на филмот на Инстаграм, а можете да го проверите подолу.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Ver esta publicación en Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    Una publicación compartida de Marry Me (@marrymemovie)

    rnrn

    rnrnrnМожеби ќе сакате да ги погледнете и овие 5 филмови за љубовните врски и за сексуалноста од кои ќе научите многу работи.

  • 5 филмови за љубовните врски и за сексуалноста од кои ќе научите многу работи

    5 филмови за љубовните врски и за сексуалноста од кои ќе научите многу работи

    Седмата уметност е полна со убави приказни за љубовта и за сексуалноста и со сцени што содржат интимност и сензуалност. Но, не сите филмови и серии се занимаваат со секс и љубов на длабок и поврзан начин. Сигурно и самите сте наишле на експлицитни сцени со секс кои не се придружени со доволно длабока, силна или интересна приказна и на недоволно добро развиени и нереални љубовни врски. Ако сакате да ги погледнете љубовта и сексуалноста од малку поинаков агол, погледнете ги овие филмови што ќе ве забавуваат, ќе ве заинтригираат и ќе ви одржат многу лекции.rn

    „Калифорнизација“ („Californication“)

    rnhttps://youtu.be/gQ7yaQhXJAIrnrnХенк Муди е класичен пример на антихерој. Неуспешен писател кој живее на стара слава и со многу пороци, од кои главни се жените, алкохолот и дрогата, ќе ви влезе под кожа иако сè што прави е далеку од морално. Иако многумина го нарекоа провлекувањето на Хенк нереално и можно само на платно, на светот не му недостасуваат мажи кои не можат да останат верни и кои, и покрај неверството и нездравиот начин на живот, продолжуваат да добиваат комплименти од жени и од мажи. Приказната на Хенк не е секојдневна, сепак се одвива под сончевото небо во Калифорнија и вклучува низа луди ликови кои не ги гледате секој ден. Но, и покрај сите необичности, оваа серија ќе ве научи на неколку основни животни лекции. Меѓу другото, таа ќе ве потсети дека животот е премногу краток и затоа треба да го живеете онака како што сакате и дека семејството и вистинските пријатели секогаш треба да ви бидат на прво место.rn

    „Новина“ („Newness“)

    rnhttps://youtu.be/EtBhKTuPjEkrnrnОвој филм доби поделени критики. Некои ја нарекоа плитка и неразвиена драма, додека други во неа гледаат реален приказ на интимностa и страстa. Заплетот ги следи Мартин и Габриела, кои се среќаваат преку апликација за состанување и одеднаш се вљубуваат и се поврзуваат. Разговорите се длабоки, сексот е исклучителен и оваа двојка многу брзо помислува дека нивната врска може да трае и двајцата ги бришат профилите од апликацијата за состанување преку која се запознале и одлучуваат да живеат заедно. Но, многу брзо се појавуваат проблеми предизвикани од недостатокот на искреност и сето тоа ги води кон заедничка психотерапија, по што тие одлучуваат да бидат во отворена врска. Овој филм се занимава со расчленување на современите односи, на кои често им недостасуваат искреност и храброст за кажување на вистината. Искреноста треба да биде темел на секоја врска, а овој филм го докажува тоа.rn

    „Мали деца“ („Little Children“)

    rnhttps://youtu.be/jtchjudWQ0srnrn„Мали деца“ е приказна за нешто за кое никогаш не се зборувало доволно, а тоа е сексуалноста на луѓето кои се родители. Ние самите често ги сметаме сопствените родители за луѓе кои се лишени од сексуалноста, но овој филм покажува до што може да доведе недостатокот на блискост во бракот. Приказната ги следи Сара и Бред кои завршуваат во тајна врска поради незадоволството од сопствените бракови. Заедно со нивната, ќе ја следите приказната за локалниот педофил Рони, кој се бори со својата необичност. Оваа врвна драма ќе го стори сето она што треба и што може да го направи добрата драма. Ќе ве шокира, ќе ве натера да размислите и ќе извлече многу чувства од вас.rn

    „Нормални луѓе“ („Normal People“)

    rnhttps://youtu.be/x1JQuWxt3cErnrnПриказната ги следи Конел и Мериен, кои доаѓаат од сосема различни светови кои се преплетуваат сосема случајно. Меѓу нив се раѓа огромна љубов, привлечност и поврзаност, што не стивнуваат дури ни во моментите на разделба. Оваа серија совршено покажува колку несигурноста и повлекувањето може да ги нарушат односите со луѓето кои ви значат. Прекрасен приказ на интимноста, сексуални сцени што ќе ве маѓепсаат и врска што ќе ве расплаче, но и од која ќе научите многу работи. Оваа серија е дефинитивно една од оние што даваат реален приказ на љубовта и сензуалноста.rn

    „Стаорци на плажа“ („Beach Rats“)

    rnhttps://youtu.be/5BgfgPUfNLYrnrnИако во овој филм речиси и да нема дејство, режисерката Елиза Хитман успева совршено да ги претстави животите на адолесцентите кои не прават ништо и кои нема каде да одат. Главниот јунак Френки е 19-годишно дете од соседството кое продава дрога, се дружи со пријателите и со својата нова девојка. Но, Френки крие уште еден живот во себе. Имено, далеку од очите на јавноста, Френки се среќава со постари мажи со кои има сексуални односи. Но, тој не кажува никому за неговиот внатрешен свет. Тој молчи за својот страв од семејството, сексуалноста и иднината. Оваа бавна приказна совршено ги отсликува проблемите на денешната младина и стравот од осуда што го чувствуваат многу млади луѓе кои не се хетеросексуално ориентирани.rnrnПогледнете ги и овие 5 филмови за развод што ќе ве научат на важни лекции за љубовта и за животот.

  • Како деменцијата го уништи генијалецот Робин Вилијамс?

    Како деменцијата го уништи генијалецот Робин Вилијамс?

    Токму со оваа идеја за наслов и по барање на вдовицата на Робин Вилијамс, беше направен нов документарец посветен на генијалниот комичар за чие предвремено заминување многумина сè уште жалат.rnrnНовиот документарец „Robin’s Wish“ носи тажен крај на актерот кој беше уништен од дијагностицирана невродегенеративна болест поради која несреќно си го одзеде животот во 2014 година. Деменцијата е смртоносна и разорна состојба, малку позната и често погрешно дијагностицирана. За некого како Вилијамс, чиј сјај зависеше од остар и брз ум и акција, сигурно беше особено застрашувачка болест што вклучуваше халуцинации, страв и заблуди. Овој филм, по барање на Сузан Шнајдер, вдовицата на Вилијамс, има цел да ја подигне свеста за болеста. Документарецот е информативен и влијателен, но распаѓањето и страдањата на Вилијамс го прават многу емотивен. Но, ако сте љубители на одличниот Робин Вилијамс, вреди да го погледнете за да го разберете неговото несреќно заминување.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=mTjgg-PJMNc&feature=emb_titlernrnДоаѓа филм за кој веќе е предвидена номинација за Оскар!

  • Доаѓа филм за кој веќе е предвидена номинација за Оскар!

    Доаѓа филм за кој веќе е предвидена номинација за Оскар!

    Веќе е добро познато дека ги обожаваме најавите за нови филмови. Така, овој пат станува збор за филмот „Malcolm & Marie“ со Зендаја во главната улога, па не се сомневаме дека и остатокот од екипата е исто толку одличен.rnrnЗендаја е актерка од помладата генерација која веќе нè освои со своите актерски способности во популарната серија „Euphoria“ за која, исто така, беше наградена со престижната награда „Еми“. Сепак, оваа перспективна актерка сега ќе ја видиме во филм во улогата на Мари, која заедно со своето момче Малком се соочуваат со разни пречки во врската и со сè што ќе донесе таа. Веќе има многу предвидувањата дека филмот ќе добие номинација за Оскар, па ако навистина е така, Зендаја има можност да биде номинирана во дури две престижни категории. Станува збор за филм за љубовта и за сите пречки, но и за убавите моменти што таа ни ги носи.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=CGZmwsK58M8&feature=emb_titlernrnПрочитајте и за „Death to 2020“: Новиот филм за кој сите зборуваат!

  • Новиот анимиран филм на Пиксар сигурно ќе ви ги стопли срцата

    Новиот анимиран филм на Пиксар сигурно ќе ви ги стопли срцата

    „Soul“ e анимиран филм во кој многумина ќе уживаат, а станува збор за еден наставник по музика во средно училиште кој сонува професионално да свири џез-пијано. Но, тогаш, на самиот ден кога добива ветувачка свирка во џез-клуб во центарот на градот, тој паѓа низ отворена шахта и умира. Отфрлен во чекалната на задгробниот живот, тој мора да се скара за да најде начин да се врати во животот и да ги исполни своите соништа. Визуелноста е многу добра, ликовите се добро нацртани и филмот дефинитивно ја пренесува својата порака.rnrn„Soul“ е уште еден квалитетен влез во составот на Пиксар. Паметно е, трогателно и прекрасно анимирано. Потребно е и време да им се објаснат некои предрасуди на децата, во случај да се изгубат во големите прашања за животот и смртта.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=xOsLIiBStEsrnrnMoжеби ќе ве интересира и „Death to 2020“: Новиот филм за кој сите зборуваат!

  • „Death to 2020“: Новиот филм за кој сите зборуваат!

    „Death to 2020“: Новиот филм за кој сите зборуваат!

    Иако се чувствуваме како да сме постојано во една од епизодите на популарната серија „Black Mirror“, сите катастрофи што нè снајдоа во оваа предизвикувачка година, за жал, беа дел од нашето секојдневие. Соодветно на тоа, креаторите на оваа популарна серија, Чарли Брукер и Анабел Џонс, прикажаа соодветен филм за кој многу се зборува. Улогите беа отелотворени и од низа познати имиња, како Семјуел Л. Jексон, Хју Грант и Лиза Кудроу, но и покрај одличната екипа и самите креатори, мислењата за овој филм се доста спротивставени. Брилијантна за некои, погубна за други, оваа 70-минутна псевдо-документарна комедија носи мешавина од вистинска содржина и измислени дискусии за ликот, анализирајќи клучни настани во САД и Велика Британија во 2020 година.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=BxR9Zo36rbo&feature=emb_titlernrnПрочитајте и за овие неверојатни шпански филмови и серии што вреди да ги изгледате.

  • Филмови кои можете да ги изгледате за време на новогодишната ноќ

    Филмови кои можете да ги изгледате за време на новогодишната ноќ

    Бидејќи нема да одите на голема забава (се надеваме), може ли да ви предложиме да останете одма заедно со некој романтичен филм што ќе ви го исполни срцето со нешто друго освен егзистенцијален страв?rnrnЕве неколку предлози и се надеваме дека ќе можете да одберете некој или пак повеќе од еден филм.rn

    1. About Time (2013)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=T7A810duHvwrn

    2. New Year’s Eve (2011)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=h_dt27_0vL4rn

    3. High School Musical (2006)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=zL4ZEWYsmuwrn

    4. Bridget Jones’s Diary (2001)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=EH9CWWqb-6Ern

    5. The Holiday (2006)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=BDi5zH18vxUrn

    6. Sleepless in Seattle (1993)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=ahI9LaOGYcErn

    7. Sex and the City (2008)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=g9Mx2OLnoGIrn

    8. Star Wars: The Force Awakens (2015)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=sGbxmsDFVnErn

    9. La La Land (2016)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=0pdqf4P9MB8rn

    10. Love Actually (2003)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=H9Z3_ifFheQrnrnНеверојатни шпански филмови и серии што вреди да ги изгледате.

  • Неверојатни шпански филмови и серии што вреди да ги изгледате

    Неверојатни шпански филмови и серии што вреди да ги изгледате

    Некои од најголемите романи и филмови во светот се на шпански јазик, а ние денес решивме да споделиме неколку неверојатни шпански филмови што вреди да ги изгледате.rnrnНеверојатни шпански филмови и серии што вреди да ги изгледатеrn

    1. Valeria (Валерија)

    rnПрвата сезона излезе во 2020 година со осум епизоди. Оваа серија раскажува за писателка која се бори и се обидува да го најде својот пат. Валерија, која постојано е охрабрена од нејзиниот издавач да пишува еротска литература, го поминува своето време во огледало за тоа какво чувство е вистинското задоволство. Само по некое време таа сфаќа дека тоа е нешто што недостасува во нејзиниот живот. Таа носи одлуки што го менуваат животот, останува во бракот кој не е одличен и речиси го саботира својот живот принудувајќи се на некои работи што навистина не ги сака и продолжува да живее и други благи авантури. Она што навистина останува постојано низ сè е нејзината банда од најдобри пријателки. Четирите жени покажуваат какво треба да биде вистинското сестринство. Филмот ве учи никогаш да не ги земате вашите најдобри пријателки здраво за готово, но и да излезете од вашата зона на комфор и да го следите вашето срце.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=lWbOK7dh-PMrn

    2. Selena (Селена)

    rnИ покрај тоа што оваа неодамнешна серија на Нетфликс не е на шпански јазик, но овој јазик игра главна улога во животот на главниот јунак. Карактерот на Селена Квинтаниља се базира на истоимена пејачка од реалниот живот, која во краткиот век од нејзиниот живот направи бран во музичката индустрија текс-мекс со својот музички талент. Во серијалот, други ликови често и кажуваат на Селена: „Твојот успех е наш успех“. За разлика од многу уметници кои тргнуваат по таков пат поради својата страст, Селена на почетокот започна да пее за да може нејзиното семејство да преживее.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=-0wz7n-h71Mrn

    3. Elisa & Marcella (Елиса и Марсела)

    rnДруга приказна заснована на вистински настани e приказната за Елиса и Марсела – две многу истакнати жени во историјата со име Елиса Санчез Лорига и Марсела Грасија Ибеас. Двете легално се венчаа во Шпанија во 1901 година. Бидејќи тоа беше единствен начин пред да се легализираат истополовите бракови, Елиса се маскираше во маж по име Марио Санчез. Двојката подоцна беше затворена кога црквата дозна за тоа, но за време на нивниот живот, нивниот брак не можеше да биде осуден. Филмот Елиса и Марсела ни дава детален преглед на животот на овие жени и колку тие морале да се борат за да останат заедно.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=zU9aZo8EdjIrn

    4. Amar (Сакање)

    rnФилмот ја истражува темата на младата љубов што ти го крши срцето. Двајца млади средношколци Лора и Карлос се во раната фаза на нивната романтична врска, што за повеќето реалисти може да изгледа бизарно. Кога реалноста ќе ги погоди Лора и Карлос, распрснува сјајниот меур од романса, а потоа започнува болниот дел. Разведената мајка на Лора е исто така силна тема во филмот. Таа е во брак од 17-годишна возраст и сè уште се бори да живее сама по разделбата со таткото на Лора. Таа е таа што ја учи Лора како да биде економски независна на 7-годишна возраст.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=QWaxhfSw7asrn

    5. Dark Desire (Црна желба)

    rnСекој што е запознаен со шпанските трилери, дефинитивно треба да ја гледа оваа серија, бидејќи ве држи на работ поголемиот дел од времето. Алма е професор по право и ги фокусира повеќето од своите предавања врз поимот фемицид. Ова главно ја формира темата на серијата, но исто така и прељубата, бракот, невозвратената љубов и имплицитниот сексизам. И покрај тоа што Алма е успешна жена, таа се труди да не го надмине рангот на нејзиниот сопруг. Таа ги потиснува своите желби и се чувствува виновна кога конечно ќе ги испушти тие окови. Приказната понатаму има неколку изненадувачки пресврти како соодветен трилер и ја држи публиката љубопитна до крајот!rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=0ElRcL1e1ngrnrnМожеби ќе сакате да ја погледнете и оваа нова шпанска серија насловена „El desorden que dejas“.

  • „The Call“: Научно-фантастичен трилер кој ќе сакате да го погледнете

    „The Call“: Научно-фантастичен трилер кој ќе сакате да го погледнете

    Во случајот на филмот „Повикот“ или „The Call“, две работи се важни – јужнокорејска продукција и психоделичен и научно-фантастичен трилер. Кога станува збор за Јужна Кореја, секако можете да очекувате креативно лудило. Единственото семе на раздор во случајот на нивната специфична кинематографија е личниот сензибилитет. Културните разлики и повеќе од очигледна јазична бариера можат да бидат чекор што е тешко да се прескокне, но ако голем дел од публиката успее да го проголта филмот „Parasite“, тие нема да имаат некои поголеми проблеми со „The Call“. Само избегнувајте ја англиската верзија што ја нуди Нетфликс, бидејќи е убиец на атмосферата.rnrnОвој филм претежно е научна фантастика и драма, а има и брилијантни детали и елементи на психолошки трилер и хорор. Навидум едноставната идеја за разговор помеѓу две девојчиња во две различни временски точки е испреплетена со вештерство, ментални нарушувања, идеологија на сериски убиец и желба да се промени минатото, така што сегашноста ќе изгледа подобро или можеби многу полошо.rnrnСу-јон, како пулсирачко срце на приказната, нема убави спомени од семејната куќа. Во него го изгуби својот татко во пожар, а неодговорната мајка повеќе се грижи за маникирот отколку да го сврти гасот на рерната. Девојчето остана со живот за живеење, лузна од трагедијата и невообичаени повици кои не престануваат да пристигнуваат на фиксниот телефон. Вознемирена девојка од другата страна на жицата споменува мајка која сака да ја убие и егзорцизам. Су-јон мислејќи дека е жртва на непријатна шега кога повиците доаѓаат и си одат, таа станува се повеќе заинтересирана за приказната за Јанг-сук. Но, непријатните трескави во задниот дел на главата почнуваат да стануваат посилни кога девојчињата сфаќаат дека живеат во иста куќа, но едната во 1999 година, а другата во 2019 година. Да, за да бидат работите уште побизарни, родителите на Су-јон ја купиле куќата од тетка Јанг-сук пред точно 20 години.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=hxkKeniT-0QrnrnПрочитајте и за овој хорор филм во кој сите закони престануваат да постојат за 12 часа.

  • Краток анимиран филм кој зборува за тоа како да се справиме со загубата на најблиските!

    Краток анимиран филм кој зборува за тоа како да се справиме со загубата на најблиските!

    Ние навистина можеме да кажеме многу за оваа предизвикувачка 2020 година, бидејќи нема настани што не се случиле во неа, но во исто време ова беше година на танцувањето, интересните приказни и многу хумор, а тоа е најмногу благодарение на социјалната мрежа ТикТок. Не е непознато дека токму социјалните мрежи диктираат нови трендови и содржини што треба да ги разгледаме, па затоа деновиве е невозможно да се игнорира овој мини анимиран филм кој е толку емотивен што никого не го остава рамнодушен!rnrnВо морето од различни предизвици што се појавија на ТикТок, деновиве вниманието го украдоа видеата поврзани со новиот анимиран филм. Така, корисниците на оваа социјална мрежа ги објавуваат своите реакции откако го погледнале анимираниот филм „If Anything Happens, I Love You“, кој е крајно емотивен, така што скоро никој не успева да ги сокрие солзите.rn

    @supdaily#stitch with @catonb3 #ifanythinghappensiloveyou #blindreactionrnrn♬ original sound – SupDailyrnrn

    rnrnrnСтанува збор за анимиран филм кој трае околу 12 минути и прикажува болна семејна приказна, толку искрена, реална и емотивна што се чувствувате како да сте дел од него. И покрај тоа што не е вистинска приказна, неговото сценарио многу нè потсетува на трагичните настани што порано ги слушавме во вестите, особено кога станува збор за американското општество, а станува збор за пукање во училишта, во кое бројни семејства ги загубија своите најблиски. Како да се справите со една од најголемите и секако најболните загуби, откријте во овој емотивен филм што ќе ве потсети колку се важни луѓето во нашите животи, особено кога се во прашање членовите на нашето семејство! Во продолжение можете да го погледнете трејлерот.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=3kH75xhTpaM&feature=emb_titlernrnМожеби ќе сакате да го погледнете и овој анимиран филм што ќе ве потсети кои се вистинските вредности на Божиќ.