Летните забави не би биле тоа што се без освежителните ледени напитоци. Без разлика дали се работи за здрави сокчиња покрај море или за алкохолни коктели во вечерите, различните хороскопски знаци имаат различен вкус. Овие напитоци се на база на овошје, зеленчук, билки и зачини, а во секој од нив можете да додадете малку алкохол ако сакате дополнително да се опуштите.rnrn
rn
Овен
rnОвенот најдобро ќе се освежи со цитрусни сокови, па сокот од грејпфрут е идеален избор. Направете вистинска витаминска бомба, додајте лимон и портокал, и на крајот „зачинете“ со мраз. А ако сакате од ова да направите коктел, едноставно додајте малку вотка. Овните исто така може да уживаат во сок од лубеница, кој е совршен за нивниот активен животен стил.rnrn
rn
Бик
rnЈагодите се идеален избор за припадниците на овој знак, бидејќи тие воглавно сакаат комбинација од кисело и слатко. Затоа обидете се да направите летно смуди од јагоди и банана, со додаток малку мраз и вода. А што се однесува до алкохолните коктели, за Биковите најдобар избор е сѐ што е на база на сок од домат. Ако сѐ уште не сте пробале Блади мери, тоа би требало да го сторите ова лето.rnrn
rn
Близнаци
rnБлизнаците сакаат авантура, па затоа ги привлекува секој егзотичен вкус со кој не се сретнуваат секојдневно. Егзотичното овошје е идеален избор, а за почеток пробајте да направите коктел од калинка и вотка. Тие исто така го сакаат вкусот и мирисот на ванила, па секој коктел со таа арома ќе им се допадне, особено ако е збогатен со нане и рум.rnrn
rn
Рак
rnАко сте припадник на овој знак, летово обидете се да експериментирате со сок од грозје. Тоа значи дека тешко ќе погрешите ако се одлучите за сангрија, a најмногу ќе ви се допадне ако има доста лимон и цитруси.rnrn
rn
Лав
rnОвој знак просто го обожава летниот вкус на сокот од ананас. Идеален коктел можете да направите многу едноставно, така што во скокот од ананас ќе додадете малку рум или вотка. Покрај тоа, Лавовите сакаат и цитрусни овошја, особено лимон и мандарина. Направете сок од мандарина и нема да се разочарате.rnrn
rn
Девица
rnСокот од кајсија е одличен избор за сите припадници на овој знак. Пробајте ја интересната комбинација од природен сок од кајсии со здрав чај од женшен, секако разладен, па завршете со малку цимет. Интересно е дека девиците сакаат и сокови кои се базираат на зеленчук кои се многу здрави. Затоа само напред. Употребете го блендерот, но избегнувајте ги јаките зачини.rnrn
rn
Вага
rnВагите сакаат сокови од шумски плодови, а скоро и да не е важно за кое од овие овошја ќе се одлучите. Цреши, боровинки и малини се најдобриот избор, но слободно експериментирајте и со други. Висока чаша полна со мраз и ваков сок ќе ја избрка жештината од вашето тело. Секако, секогаш можете да додадете малку вотка.rnrn
rn
Скорпија
rnСкорпиите најмногу водат сметка за себе, и воглавно им годи портокалов сок од моркови, а посебно им се допаѓа бидејќи го подигнува либидото. Можете да направите комбинација со јаболко или цитрусни овошја и со мраз. Инаку не постои ништо во што вистинската Скорпија би уживала повеќе од чаша студено пиво.rnrn
rn
Стрелец
rnСтрелците уживаат во егзотични вкусови, па ако сте припадник на овој знак пробајте сок од манго ова лето. Исто така испробајте ја оваа особено интересна мешавина – во чаша шампањско додајте малку сок од манго. Ова освежувачко и пенливо задоволство ќе ве разлади, а ако сепак сакате нешто „појако“, испробајте домашен леден чај од нане.rnrn
rn
Јарец
rnЗа Јарците е совршен здравиот напиток кој се прави од цвекло, зелка и блага пиперка. Тоа може да го зачините со малку буковец и ќе добиете совршен солен коктел кој ќе ве засити и освежи истовремено. За нешто малку послатко, пробајте ја комбинацијата од сок од лубеница и диња.rnrn
rn
Водолија
rnВодолијата воглавно сака тикви, кои се одлични за комбинирање, а нивниот вкус најдобро одговара со цимет и морско оревче. Направете здрав леден милк шејк од замрзната тиква, малку млеко и зачини. Кога се работи за коктел варијантата, нема да погрешите ако се одлучите за некој кој содржи ликер од лубеница.rnrn
rn
Риби
rnУште еден знак кој обожава да експериментира со егзотични вкусови, па слободно следниот пат кога ќе појдете да купувате, набавете папаја и манго. Овие две овошки ставете ги во блендер, додајте неколку коцки мраз и сипете јогурт. Овој пијалак е многу здрав и неверојатно освежува. Што се однесува до алкохолот, рибите сакаат вермут и коктелите што го содржат.rnrn