Сигурно сте запрашале милион пати што велат ѕвездите за вашиот љубовен живот. Но, ако немате многу среќа во љубовта, прочитајте зошто е тоа така, односно зошто сте сами.rnrn
rn
Овен
rnВие сте гласни и по малку застрашувачки и поради тоа луѓето околу вас честопати се чувствуваат непријатно. Имате многу енергија, но можеби треба да се обидете да бидете посуптилни и шармантни?rn
Бик
rnДали некогаш ќе сакате некого како што сакате храна? Очигледно дека не. Барајте личност која ја негува истата страст кон храната како и вие ако сакате да најдете сродна душа.rn
Близнаци
rnЛуѓето едноставно не можат да ве сфатат сериозно. Добро е да бидете весели и да го чувате детето во вас засекогаш, но ако сакате да пронајдете љубов што ќе трае, можеби треба да бидете барем малку посериозни.rn
Рак
rnПремногу сте изолирани од другите и сте изградиле непремостлив ѕид околу себе. Чувствителни сте и имате потреба од заштита во секоја ситуација, но обидете се да се опуштите малку и да ризикувате.rn
Лав
rnБарате некој што ќе ве сака повеќе отколку што вие се сакате себеси, што е навистина тешко да се најде. Љубовта кон себе е најубава од сите видови љубов, но не треба да претерувате.rn
Девица
rnПремногу сте срамежливи и поради тоа другите понекогаш создаваат погрешна слика за вас. Поточно, тие мислат дека сте тотално незаинтересирани. Опуштете се и препуштете му се на флертот.rn
Вага
rnВие флертувате со сите. Ако некогаш успеете да се воздржите од тоа, можеби ќе ја пронајдете вашата сродна душа.rn
Скорпија
rnЛуѓето се плашат од вас. Вие сте познати по тоа што сте агресивни во комуникацијата со другите луѓе. Тоа понекогаш може да биде привлечно, но во повеќето случаи не е. Престанете да војувате.rn
Стрелец
rnВие сте играч и никој не сака да биде во сериозна врска со вас. Вие сте познати по вашиот слободен дух, но дали навистина сакате да останете сами до крајот на животот?rn
Јарец
rnНикогаш не се смеете и често изгледате застрашувачки. Престанете да се однесувате како жена на која никој не ѝ е потребен и која може да направи сè самостојно. Животот е многу подобар во пар.rn
Водолија
rnИзгледате непристапно, а тоа е затоа што постојано сте во некој свој свет. Симнете се од облаците затоа што реалноста можеби ви нуди вистинска љубов.rn
Риби
rnНе можете да се контролирате и се смеете премногу, што може да ги иритира луѓето. Додека некој ви се додворува, се прашува дали можеби му се смеете нему. Смеењето е одлично, но би било добро да се воздржувате во одредени моменти.rnrnПрочитајте што размислува секој хороскопски знак кога ќе го види својот партнер.