Секој има способност да манипулира со другите за да ги добие работите што ги сака. Можеби не сте свесни дека манипулирате со некого или знаете што точно правите. Некои луѓе лесно се манипулираат, додека други имаат поголем отпор. Ова се најманипулативните хороскопски знаци во астрологијата:rnrn
rn
1. Близнаци
rnНајманипулативното нешто што луѓето родени во овој знак можат да го направат е да ја избегнуваат вистината. Тие можат да го рационализираат своето лажење, велејќи дека тоа е за доброто на сите и дека нема други опции, но ја користат лагата како начин да манипулираат со другите. Тие можат да кажат дека ќе направат нешто без да имаат некаква намера да го направат тоа, или може да кажат дека ситуацијата е страшна, а реалноста е сосема спротивна.rn
2. Скорпија
rnНајманипулативната работа што ја прави личноста родена во знакот Скорпија е да се однесува како да ѝ е нанесена голема неправда и да бара лојалност без разлика на сè. Таа може и да го прекине вашиот однос доколку не се согласувате со неа.rn
3. Јарец
rnНајманипулативната работа што ја прави Јарецот е да ги прави луѓето да се чувствуваат глупави. Јарецот го користи своето знаење и умешност како начин да натера некој да го направи она што Јарецот го сака. Личноста родена во овој знак има способност да направи друго лице да се чувствува неспособно и да има потреба од водство. Таа ќе направи сè за другите да го следат нејзиниот план.rn
4. Лав
rnНајманипулативната работа што ја прави Лавот е да го минимизира своето однесување со тоа што ќе се однесува невино. Лавовите се самоуверени, но понекогаш нивното его ги тера да прават работи кои можат да имаат негативни последици за другите. Ако личноста родена во овој знак направи нешто што би претставувала победа за неа, а загуба за некој друг, таа ќе го претстави тоа така што ќе биде „корисно“ за двајцата.rn
5. Риби
rnНајманипулативната работа што ја прават припадниците на овој знак е да не преземаат одговорност за нивните постапки. Според нив, тие не се виновни што нешто се случило или што некој се изнервирал, бидејќи тие го направиле она што можеле. Понекогаш создаваат впечаток дека не мора да сносат никаква одговорност бидејќи се „толку креативни и посебни“.rnrnОткако прочитавте за најманипулативните хороскопски знаци, можеби ќе сакате да откриете и кои се најинтелигентните знаци во Зодијакот.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
