На 20 јануари Сонцето ќе транзитира низ Водолија. Нејзината енергија ќе биде исцелувачка, ќе го крене превезот со тешките емоции и на тој начин ќе ни помогне да го видиме светот од поинаква перспектива.rnrn
rnrnКако што ќе излеземе од владеењето на знакот Јарец, ќе се чувствуваме послободни и ќе бидеме охрабрени да ги обмислуваме нештата со поголема имагинација.rnrnВо текот на владеењето на Јарецот моравме да преземеме практични чекори и да ги разјасниме нашите цели. Го одредивме патот по кој треба да чекориме, но сега во претстојната сезона на Водолија може малку да отстапиме и да видиме каква нова инспирација нè чека!rnrnИмаме свои темели, па сега можеме да ги рашириме крилјата! Можеме да се изразиме, можеме да ја напуштиме стабилноста на патот, знаејќи дека секогаш можеме да се вратиме на него подоцна ако е потребно. Слободни сме да патуваме и истражуваме; ние сме слободни да се отвориме кон повисоките сфери на нашата имагинација.rnrnЕнергијата на знакот Водолија нè поттикнува да тргнеме по она што го сакаме. Таа ни дава поттик и да го изразиме своето вистинско „ јас“ во светот.rnrnСонцето ја претставува нашата сопствена внатрешна светлина, а додека се движи во Водолија ќе ни биде поттик и за нови и инспиративни мисли, промени и нови начини на гледање на работите.rnrnВладеењето на Водолија во 2023 година е исто така посебен момент затоа што сите главни планети ќе почнат да се движат директно од 22 и 23 јануари па понатаму. Тоа ќе ни пружи енергија да ги довршиме сите започнати проекти и задачи. Ова ќе биде и одличен период за да преземеме акција со цел да ги постигнеме посакуваните цели во 2023 година.rnrnМладата месечина во Водолија на 21 јануари исто така ќе донесе бранови на свежа енергија и ќе биде почеток на лунарната нова година.rnrnОваа полна месечина, прва во лунарната година, ќе нè потсети да ги исфрлиме сите стари непотребни мисли и верувања.rnrnВо текот на овој период размислете за начините на кои можете да внесете малку леснотија во вашиот живот, кои емоции ве држат заглавени и како можете да се издигнете над сите нив.rnrnЕден од начините на кои сезоната на Водолија нè охрабрува да го правиме тоа е преку птичја перспектива на работите што се случуваат во нашите животи. Кога летаме високо и гледаме во нашите животи можеме да стекнеме нова перспектива и да се потсетиме дека овој живот е дел од многу поголема сложувалка што е речиси невозможно навистина да се разбере.rnrnСите ние доаѓаме на овој свет за да оствариме некаква мисија. Сите ние доаѓаме овде да дадеме и да примиме љубов.rnrnЖивотот е само сон, а владеењето на Водолијата нè поттикнува да ја погледнеме пошироката слика, да се тргнеме од својот пат и да престанеме да се фокусираме само на себе.rnrnСите ние сме заробени во мислата за сопствениот живот и сопствената тага што забораваме дека не се работи само за нас.rnrnЕнергијата на знакот Водолија нè поттикнува да ја кажуваме нашата вистина, но сака и да создадеме заедница и да размислуваме за тоа како нашите постапки и зборови влијаат на оние околу нас. Многу е важно да ја кажеме нашата вистина, но исто така е толку важно да се погрижиме тоа да го правиме со љубезност, емпатија и сочувство кон другите.rnrnСекој од нас има одговорност да го направи овој свет побезбедно и посреќно место за секое растение, животно и човек преку нашите мисли, зборови и постапки, а тоа е пораката што сака да ни ја остави овој хороскопски знак.rnrnНа планетата Земја ѝ е потребна нашата поддршка повеќе од кога било досега, а единствениот начин на кој можеме да ѝ помогнеме е да бидеме свесни и да преземеме одговорност за нашите постапки.rnrnВодолијата исто така ќе ни даде можност да ги зацврстиме врските и односите со луѓето околу нас. Понекогаш може да ни изгледа страшно да побараме помош или да ги споделиме нашите искуства со другите. Но, ако си дозволиме за миг да бидеме ранливи и да ја покажеме нашата вистинска природа, тоа може да доведе до продлабочување на нашите односи со другите. Да не заборавиме дека во сиот тој процес на себеспознавање ја имаме сета поддршка на универзумот!rnrnОткако прочитавте за претстојната сезона на знакот Водолија, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 хороскопски знаци ги очекува голема среќа на љубовен план во 2023 година.rnrnИзвор: atma.hr
Како ќе ни влијае сезоната на знакот Водолија од 20 јануари до 19 февруари?
