Јарецот е тврдоглав хороскопски знак и не треба да дозволи неговата тврдоглавост негативно да влијае врз сите сфери од неговиот живот, особено врз љубовта. Во продолжение прочитајте како Јарецот може да стане подобар партнер во врската.rnrn
rnrnНе дозволувајте вашата работа да има негативно влијание врз вашата врска, па затоа како што ѝ се посветувате на кариерата, така посветете му се и на партнерот. Мора да вложите напор за вашата врска да продолжи да се развива, затоа негувајте ја. Посветете му повеќе време на партнерот, опуштете се и покажете му дека можете да се забавувате.rnrnНе треба постојано да ја планирате врската и времето поминато со партнерот. Престанете да ги контролирате нештата и оставете работите да течат природно. Разведрете се и уживајте во времето што го поминувате заедно.rnrnМотивирани сте и амбициозни, па сакате да му помогнете на вашиот партнер да успее повеќе од вас. Го терате и тој да биде поамбициозен. Му всадувате мали идеи во главата и очекувате тој да ги исполни. Треба да не го притискате саканиот и да сфатите дека идејата за успех е различна за секого. Верувајте, вашиот партнер веќе го прави она што го усреќува и што го интересира.rnrnПрестанете да „родителствувате“ и да му кажувате што и како да прави. Тоа го излудува и го оддалечува од вас. Однесувајте се кон партнерот како кон возрасен, каков што и е. Но, престанете да го третирате и како свој личен асистент.rnrnТреба да сфатите дека го немате секогаш вистинскиот одговор. Бидете подготвени да го сфатите и гледиштето на вашиот партнер, како и можноста за компромис. Не сте секогаш во право. Мразите да губите, но мора да бидете подготвени да прифатите и пораз кога грешите.rnrnПонекогаш сте фокусирани само на вашите цели, па ви недостига емпатија кон саканата личност. Сочувствувајте и бидете емотивно поотворени кон неа.rnrnПрестанете да бидете толку „тешки“ кога станува збор за откривање на вашите емотивни проблеми. Дозволете му на партнерот да го истражи вашето срце. Тој се бори со вашето студенило, па затоа покажете му дека всушност не сте такви.rnrnНе глумете дека знаете сè, таквото однесување го обесхрабрува партнерот.rnrnТреба да научите како да простувате и заборавате. Престанете да му префрлате на партнерот за нешта кои се случиле во минатото.rnrnНемојте агресивно да му ги наметнувате вашите уверувања и вредности. Не постои точно и погрешно, сè е во начинот на кој вие ги согледувате нештата.rnrnМожеби сакате да дознаете и кои хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во 2020 година?
Како Јарецот може да стане подобар партнер во врската?
