КАФЕ ПАУЗА

Хороскопски знаци кои се најсклони на љубомора

Љубомората е чувство кое е тешко да се контролира, но исто така е и многу нездрава, непродуктивна и прави да се чувствуваме исклучено и незадоволно. Сепак љубомората е природна и инстинктивна емоција што секој од нас ја искусува во текот на животот. Прочитајте дали вашиот знак е посклон кон љубомора од другите.rnrnhoroskopski-znaci-koi-se-najskloni-kon-ljubomora-kafepauza.mkrn

Овен

rnНа Овните им е потребна целосна доверба бидејќи тие ги презираат лажењето и лицемерието. Тие можат да станат многу љубоморни, а понекогаш се и жртви на неподнослива љубомора поради недостигот на верување и чувството на несигурност. Во вакви ситуации најдобро е да разговараат со нивните партнери наместо да бегаат од проблемот.rn

Бик

rnБиковите сакаат среќно семејство, како и здрав и хармоничен дом. Ако почувствуваат и најмал сомнеж тие ќе почнат да „истражуваат“ и можат да предизвикаат вистинска љубоморна сцена.rn

Близнаци

rnЛуѓето родени во овој знак не се склони кон љубомора, но понекогаш знаат да ја почувствуваат без некоја посебна причина. Близнаците се свесни дека се склони кон неверство, па претпоставуваат дека и другите не се толку верни. Овој сомнеж понекогаш ги тера да бараат докази за неверство и тоа ги прави многу несреќни.rn

Рак

rnРаковите речиси никогаш не чувствуваат љубомора бидејќи секогаш се лудо вљубени. Со нивната посветеност кон партнерот тие не можат ни да замислат дека би биле излажани. Но, кога ќе најдат причина да бидат љубоморни тоа може навистина да ги потресе. Ако Раковите научат да простуваат тие ќе бидат многу посреќни.rn

Лав

rnЛавовите обично се љубоморни поради нивната повредена гордост или поради стравот дека не се доволно љубени и почитувани. Па, кога Лавот ќе „заржи“, тоа повеќе го прави поради изгубената моќ отколку за изгубената љубов. Тие знаат да очекуваат премногу од нивните партнери.rn

Девица

rnНекои Девици уживаат кога ќе предизвикаат љубомора кај некој друг. Партнерот на Девицата порано или подоцна ќе почувствува дека има „споредна улога“ и ќе почне да се чувствува љубоморен.rn

Вага

rnВагите едноставно ги обожаваат нивните партнери. Тие воопшто не се љубоморни, но ако нивниот партнер ја искористи нивната толеранција, Вагите можат да станат непредвидливи и опасни. Најдоброто нешто што можат да го направат е да избегнуваат конфликти.rn

Скорпија

rnСкорпиите зрачат со љубомора. Луѓето родени во овој знак се љубоморни на секој што застанал до нивниот партнер. Проблемот е во тоа што тие не можат да ги контролираат нивните чувства, дури и кога станува збор за љубомора.rn

Стрелец

rnСтрелците не признаваат дека се љубоморни бидејќи тоа би било под нивното достоинство. Но, тие никогаш нема да простат или да заборават неверство. Најдобро веднаш да ја тргнете и најмалата причина за љубомора кај Стрелците за да не претворите нешто во проблем без решение.rn

Јарец

rnЈарците не можат да простат или да заборават лошо искуство. Изненадувачки, тие не се многу љубоморни, па никогаш нема да ги истражуваат постапките на нивните партнери. Но, ако дознаат дека биле изневерени, тие ќе ја „треснат вратата“ и ќе ѝстават крај на врската.rn

Водолија

rnВодолиите не чувствуваат љубомора. Тие обично не страдаат, ама и кога страдаат ќе се обидат да го сокријат тоа. Штом ќе бидат изневерни нема да бараат причина за простување, тие едноставно ќе си заминат.rn

Риби

rnЉубомората е постојан придружник на Рибите. Луѓето родени во овој знак обично бараат многу љубов и внимание од нивните партнери. И кога нивните очекувања не се исполнети, Рибите се повлекуваат. Многу често не можат да простат дури и за најмалите грешки.rnrnПрочитајте го и точниот процент на љубомора кој го чувствува секој знак во љубовните врски.