Прочитајте што велат ѕвездите за наредната 2014 година. Дознајте што ве очекува на полето на љубовта, кариерата, здравјето…rnrn
rn
Овен
rnДали сте спремни вашиот свет на романтики, креативност и односи со другите луѓе да ви се затресе? Во 2014 година ќе се фокусирате на сите аспекти од вашиот љубовен живот, како и на интеграција со вашиот спротивен поларитет (Вага), што значи дека ќе научите многу за убавината, мирољубивоста и правдата.rnrnОваа година ќе ви се пружат безброј прилики да се усовршите како најдобар љубовник и партнер. Тоа значи, дека нема да треба да го жртвувате својот автентичен и огнено борбен дух, туку ќе научите што значи компромис. Во длабочината на вашата душа сте вистински романтичари во вечна потрага по убава и хармонична врска, а оваа година тоа ќе можете да го доживеете како никогаш претходно.rn
Бик
rnПред вас е година на експанзија и уживање во работа која ќе ве исполнува и во која ќе просперирате. Ако сте подлегнале на типичното биковско однесување и сте ги занемариле своите потреби, решавајќи туѓи проблеми, целосно исцрпувајќи се, оваа година ќе ја вратите вашата животна снага за да можете да владеете со вашиот живот.rnrnОва нема да ве направи себична и негрижлива личност, туку личност каква што вие по природа и сте, полна со енергија која несебично сакате да ја пренесете на вашите блиски. Во 2014 година ќе се фокусирате на комуникацијата, работата и дневните рутини. Рутината за вас е многу важна, а ќе ја доведете во рамнотежа со помош на редовно вежбање, повеќе спиење и малку намалување на работата.rn
Близнаци
rnОваа 2014 година, целиот ваш вложен труд, конечно ќе се испати. За некого веќе започнаа наградите и признанијата оваа година, но во наредната конечно ќе стигнете до вистинскиот успех. За вас ова е година на упорност и исплатливост. Покрај тоа, ќе имате и добар прилив на пари.rnrnВо првите шест месеци ќе го искористите големото влијание на Јупитер во подрачјето на парите, а тоа значи дека ќе имате доволно за да заштедите и за црни денови. Најдобрата вест за вас е тоа што, оваа година повеќе ќе се фокусирате на забавните аспекти, отколку на работата. Наместо поголемиот дел од времето да го поминувате посветувајќи ја вашата енергија на рутински работи, ќе барате повеќе начини и ќе посветувате повеќе време на креативност и романтични остварувања.rn
Рак
rnВо првата половина на годината ќе уживате во период на среќа која ќе ви ја донесе Јупитер, а од почетокот на летото можете да очекувате голем финансиски бенефит и подобрување на вашата парична состојба.rnrnВашата самодоверба веќе е на високо ниво од оваа година, па така ќе настапите и во наредната, што ќе ви се исплати на многу начини. Конечно излегувате од својот оклоп и сега целите повисоко. Ќе увидите колку е важно да го креирате вашиот живот онака како што вие сакате и ќе почнете да живеете по сопствени правила, а не онака како што другите ќе одлучат или очекуваат од вас.rn
Лав
rnВашата ѕвезда наредната година ќе се крене највисоко и ќе сјае како никогаш досега. Цела година ќе ве прати неверојатна среќа, а поради тоа ќе се чувствувате како вистинска рок-ѕвезда. Првата половина од годината ќе ја искористите да поработите на себе, а втората половина ќе ви биде полна со изненадувања, какви што не би замислиле ни во најлудите соништа.rnrnСкоро е невозможно оваа година да се одбегнат екстремните ситуации, но сепак ќе останете смирени и ќе говорите со смирен тон. Бидете спремни да ги научите дипломатските вештини и како да постигнувате компромис, за да одржите нормална комуникација со некои луѓе што ги сакате.rn
Девица
rnПознати сте како зависници од работа, но во 2014 година ќе ја смените плочата и за вас оваа година ќе претставува вистински одмор. Оваа година ќе научите како да се ослободите од обврските и како да се опуштите. Во првата половина ќе продолжи вашиот богат друштвен живот, но по летото спремете се за влегување во фаза на осаменост.rnrnПреголемата дружба со многу луѓе вас ве заморува, бидејќи сте еден од најчувствителните знаци во зодијакот и често чувствувате притисок дека морате да помогнете и да се погрижите за сите со вас убаво да си поминат. Вашите умствени и комуникациски вештини ќе бидат поостри од кога било.rn
Вага
rnОваа година вагата ја чека успех на сите полиња. На емотивен план ќе ви се реализираат огромен број работи, кои порано стоеле во сенка. За вагите, 2014 година ќе биде година на трансформација, како за нив, така и за нивната околина.rnrnЗатоа треба да бидете доследни на себе и да ги прифатите предизвиците кои ве очекуваат. Веќе нема да имате оправдувања за недостаток на енергија, бидејќи веќе во март започнува силното влијание на ѕвездите врз вашата комуникативност, шарм и врз талентот за дипломатија. Бидете храбри и самоуверени, но и не заборавајте на вашата разиграна особина да уживате во животот.rn
Скорпија
rnПо турбулентната 2013 година, скорпиите конечно ќе здивнат. Конечно ви доаѓа помирен период од животот, во кој ќе издигнете како Феникс. Од новата година ќе го извлечете максимумот само ако останете доследни на своите доблести, но и ако се концентрирате на своите желби.rnrnИако влијанието на Сатурн малу ќе ве направи осамени, преку него ќе добиете потребно време за да видите што правите во животот. Така ќе ги пронајдете вашите тајни извори на внатрешна енергија. По природа сте човек кој оди на сѐ или ништо, па по пронаоѓањето на новата енергија повторно ќе се врати вашето расположение и одлучноста работите да ги правите по свое.rn
Стрелец
rnБидејќи веќе одминатата година, беше година на изолација за стрелците, наредната носи богат друштвен живот. Ова им одговара на припадниците на овој знак, бидејќи по природа тие се комуникативни, односно сакаат да бидат опкружени со што повеќе луѓе. Чувството на заедништво е нешто што на стрелците им пружа сигурност, а заедништвото ќе го имаат во изобилство.rnrnЗатоа соберете ги околу себе семејството, пријателите и истомислениците, бидејќи тие ќе ви ја дадат силата за остварување на вашите цели. Не е важно дали станува збор за љубов, работа, уметност или забава, бидејќи со нивна помош можете да постигнете сѐ. Бидете амбициозни и очекувајте поддршка од блиските.rn
Јарец
rnШто се однесува до кариерата, јарецот во 2014 година ќе биде незапирлив. Планетарните енергии во целост се концентрирани на вашите цели, па можете да очекувате градење на ваше лично работно царство. Исто така, влијанието на Венера на почетокот на годината ќе ве наведе на преиспитување на минатото, па можете да очекувате средби со личности од минатото.rnrnНекои од тие луѓе можат да станат и нешто друго во вашиот живот. Минатата година за јарците преставуваше почеток на многу работи, што значи дека оваа година ќе го жнеете она што лани го посеавте. Бидејќи вие уживате во добро сработена работа, оваа година ќе ви биде навистина посебна.rn
Водолија
rnПатувања, авантури, духовитост и внатрешен мир. Овие работи ги очекуваат водолиите во новата година, која воопшто нема да им биде досадна и вообичаена. Поради силното влијание на Марс и Јупитер, 2014 година ќе им отвори многу врати на водолиите. Ова е вистинската година да почнете да се бавите со работите кои ги сакате.rnrnМногу водолии ќе почнат да учат странски јазици или ќе се бават со некој егзотичен спорт. Што и да одберете оваа година, ќе ви тргне особено доколку ве исполнува и ве прави задоволни. Искористете го овој налет на енергија за остварување на своите стари соништа.rn
Риби
rnСо мирните води оставени зад себе, рибите ќе запливаат во вистинска револуција. Имено, 2014 година ќе биде година на промени и трансформација, што позитивно ќе влијае на вашата креативност, преданост и задоволство. Ќе имате чувство на постојана заљубеност, а тоа посебно ќе им оди од рака на рибите со уметнички претензии.rnrnЈупитер ќе ве чува во првата половина на годината, а во јули ќе морате да донесете некоја важна одлука. Во тој период ќе почувствувате ветер во работните едра, а финансиската ситуација ќе ви биде одлична. Внимателно одбирајте ги обврските, бидејќи можете да се претрупате од работа и да си нанесете непотребен стрес.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.