Вашата врска станува сериозна, вие имате силни чувства, но сè уште не сте сигурни дали и тој е заљубен во вас? Погледнете ги следниве неколку нешта кои ги издаваат хороскопските знаци кога се заљубени и откријте дали и тој ги има истите чувства кон вас како и вие кон него…
rn
Овен
rnТој има неконтролирана потреба да ја заврти главата во ваш правец кога сте во негова близина, притоа обидувајќи се да направи контакт со вашите очи. Секој пат кога ќе го погледнете, вие забележувате дека и тој гледа во вас, отворено. Ова се очигледни знаци дека тој е заљубен и флертува со вас.rn
Бик
rnТој го прочистува грлото пред да започне да разговара со вас, бидејќи неговиот ум станува збунет од вашиот глас. Исто така, кога тој е во ваша близина, доколку се случи да разговара со други луѓе, несвесно се обидува да ве допре. На тој начин ви покажува дека е заинтересиран за вас, но им покажува и на другите момци во близина да стојат настрана од неговата девојка.rn
Близнаци
rnТој постојано ве допира со своите дланки и има потреба да ги стави неговите раце околу вашите рамена. Исто така, тој се обидува да комуницира со вас без некоја посебна причина, бидејќи едноставно ужива во вашиот разговор. Доколку тој е навистина заљубен, тогаш очекувајте многу пораки од него преку кои тој ќе се обидува да го одржи контактот со вас.rn
Рак
rnЕдинственото нешто што може да го смири е само еден бакнеж со вас, па токму затоа љубовта во него можете да ја забележите преку руменилото на неговите образи. Иако луѓето имаат тенденција да поцрвенеат и на комплименти, постојаното руменило на неговите образи додека ве набљудува е силен знак дека тој чувствува силни чувства за вас.rn
Лав
rnТој чувствува како срцето силно му чука во градите и како студена пот му тече по грбот. Но, дури и покрај тоа тој сепак oстанува витез и џентлмен и почнува да се однесува кон вас како кон вистинска дама. Доколку не се грижи за вас, тогаш не се грижи ни што мислите за него и нема воопшто да внимава на своето однесување.rn
Девица
rnТој го губи апетитот, а стомакот му изобилува со пеперутки секој пат кога ќе ја види личноста во која е заљубен. Тој сака да ви помогне со вашата работа и со другите обврски од секојдневието, па затоа често се понудува да ве префрли до дома или да ве почека да завршите со работа. Токму ова однесување е знак дека тој е заљубен во вас.rn
Вага
rnКога љубовта ќе влезе во неговата душа, тој се чувствува целосно. Тој е дури и подготвен да го подобри својот надворешен изглед за кратко време со цел да биде „подобар“ за вас. Кога еднаш ќе ја најде својата сродна душа, тој вложува бескраен напор секојдневно да ја инспирира.rn
Скорпија
rnШто се однесува до неговиот емотивен свет, тој не може да ви биде лут подолго од 2 часа, без разлика на она што сте го направиле. Кога е заљубен, тој не може да остане лут бидејќи тоа го боли, па ако вложува интензивен напор во извинувања или прифаќање на извинувања, тогаш навистина се грижи за вас и за вашите чувства.rn
Стрелец
rnТој постојано сака да танцува и постојано чувствува како да може да истрча маратон. Од друга страна пак, тој во кое било време би ја жртвувал својата среќа за вие да бидете среќни. Без разлика дали станува збор за нешто поголемо или пак за ситници, како изборот на ресторан, отстапувањето на меката перница и слично.rn
Јарец
rnЈарецот додека се заљубува се чувствува ранливо и исплашено. Тој се чувствува како да се топи, но никогаш нема да ви го покаже тоа. Токму затоа кога ќе се заљуби, дури и ако е премногу зафатен, тој сепак ќе наоѓа време за да ви дозволи малку да си „поиграте“ со него.rn
Водолија
rnНеговиот крвоток изгледа како да работи побрзо од вообичаено. Тој навистина ја чувствува љубовта во себе и без проблем ќе ве поддржува во сè што правите. Тој ќе биде покрај вас дури и кога не сте во право. Можеби ќе има спротивен став во себе, но тоа никогаш нема да го покаже пред публика.rn
Риби
rnНеговите нозе танцуваат дури и кога седи. Ова е неговата вистинска природа, да биде заљубен и да го покаже тоа во секој поглед. Доколку патувате некаде или пак, само сте излезени со пријателите, тој сигурно ќе ви се јави за да провери дали сè е во ред. Тој е личност која може да се опушти само доколку знае дека сте безбедни.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

