Астролозите за август предвидуваат дека ќе биде месец на пресврти и позитивни промени. Животот ќе ни биде побогат благодарение на авантурите кои нè очекуваат, но во одреден момент мораме да погледнеме во минатото и да учиме од него. Во продолжение прочитајте кои ќе бидат најважните датуми во август!
rn
1 август – Конјункција на северен јазол на Уран со Марс во знакот Бик
rnНа овој ден можно е да добиеме неочекувани информации и да се соочиме со нагли промени, но сето тоа ќе се случува за наше добро.rn
8 август – Лавовска порта
rnЛавовската порта го следи изгревањето на ѕвездата Сириус која древните ја сметале за наше духовно сонце. Меѓу другото, осмиот ден од осмиот месец се смета за најсилниот ден за манифестирање на вашите желби бидејќи нумеролошката низа 8-8 е поврзана со бесконечност, мудрост и зголемена свесност.rn
11 август – Полна Месечина во Водолија
rnОваа полна Месечина ќе ни помогне да расчистиме со работите кои сме ги избегнувале или потиснувале. Сатурн ќе биде особено активен под нејзино влијание. Тоа, пак, може да придонесе да се чувствуваме збунето. Доколку оваа енергија продолжи да расте, важно е да останете приземјени и да преземете мали чекори напред.rn
22- 25 август – Сонцето во конјункција со Регул
rnРегул е една од четирите кралски ѕвезди и е заштитник на северното небо. Се смета дека носи позитивна енергија.rn
22 август – Сонце во Девица
rnЗнакот Девица е симбол на независност и моќ. Таа е самоуверена и се однесува со почит кон себе и кон сопственото тело.rn
24 август – Ретрограден Уран
rnУран влегува во ретроградна фаза во која ќе остане сè до 2023 година. Таа е планета на промените, па кога ја започнува својата ретроградна фаза неопходно е да се осврнеме на промените кои ни се случиле во последните 7 месеци и да направиме анализа на сето она што сме го постигнале и што треба да направиме за да постигнеме уште повеќе.rn
27 август – Млада Месечина во Девица
rnМарс ќе биде повторно активен под оваа млада Месечина и ќе нè поттикне да се поврземе со нашите страсти. Оваа планета ќе ни помогне и да ги надминеме нашите стравови и да продолжиме да чекориме во посакуваната насока. За време на овој период не заборавајте ја пораката на знакот Девица – верувајте во себе, бидете независни и внимателно следете ги вашите амбиции и цели.
Откако ја прочитавте астролошката прогноза за август, можеби ќе сакате да прочитате и кои хороскопски знаци ги очекуваат проблеми во август.
Извор: sensa.mondo.rs

