Ретроградното движење на Марс започна на 9 септември и ќе трае до 13 ноември, па во следниот период може да бидете исфрустрирани, нетрпеливи и исцрпени, но ќе имате можност да ги преиспитате вашите цели и страсти. Ако се придржувате до овие совети, можете максимално да го искористите овој тежок транзит.rnrn
rn
Пронајдете конструктивни начини да ја изразите лутината
rnЗа време на ретроградниот Марс, може да бидете исфрустрирани и потиснатиот гнев да исплива на површината. Длабокото дишење ќе ви помогне да го задржите чувството на мир. Секојдневното вежбање или водењето дневник може да ви помогнат да одржувате рамнотежа во вашиот живот за време на ретроградниот Марс.rn
Искористете ја енергијата на Венера – планетата на љубовта
rnРетроградниот Марс може да ги намали вашето либидо и тоа може да предизвика огромно оптоварување на романтичните врски. Најдете начин да внесете возбуда во љубовниот живот и потрудете се да бидете романтични.rn
Не преминувајте ги физичките граници
rnПотрудете се да не се изморувате премногу бидејќи во овој период постојат големи шанси за повреди, несреќи или општа исцрпеност. Важно е да се движите и да бидете хидрирани. Слушајте го своето тело за време на овој транзит, не преземајте физички ризици и водете сметка за безбедноста, за здравјето и за имунитетот.rn
Не реагирајте импулсивно и не ризикувајте
rnЗа време на ретроградниот Марс ќе се чувствувате како да не можете да се движите напред или да напредувате. Ова ретроградно движење е во хороскопскиот знак Овен, што е управуван од Марс, па ќе се чувствувате уште понетрпеливи. И покрај тоа што ќе чувствувате голем притисок да донесете брзи одлуки, обидете се да се справите со нагонот за импулсивно реагирање. Одвојте време да размислите што е најдобро за вас, а не за другите. Искористете ја енергијата на ретроградниот Марс за да созреете, дури и ако промената може да биде болна.rn
Не започнувајте нови проекти
rnЗа време на ретроградниот Марс, ќе се чувствувате помалку амбициозни од вообичаеното и целата страст што ја чувствувавте за нашите цели може да испари. Искористете го овој период за повторно да се поврзете со вашите вистински цели, наместо да смислувате нови. Ова не е период за започнување нови проекти. Темелите треба да се градат на силна основа, а земјата е премногу непостојана за време на ова ретроградно движење.rnrnПрочитајте кои 4 хороскопски знаци ќе бидат најмногу погодени од ретроградниот Марс.