Падната гранка од дрво е трансформирана во креативна и неконвенционална полица

Сподели

Полиците на Себастијан Еразуриз, наречени „Билбао“ по истоимениот шпански град, се единствени на пазарот и докажуваат дека инспирацијата може да се најде и во оние моменти кога најмалку очекувате. Себастијан ја создал оваа полица користејќи една поголема падната гранка од дрво што ја нашол на улица во Сантијаго и ја донел назад во својата работилница. Таму, ја оформил, ја превиткал и ја адаптирал, овозможувајќи ѝ да биде доволно рамна за да може да се закачи на ѕид и да послужи како една креативна и неконвенционална полица.

Реклама

Природната форма на дрвото преовладува во поголемиот дел на креациите на Себастијан, но секако артистот си зел малку слобода при нивното дизајнирање. Тој ги израмнил сите остри краеви и го лакирал дрвото со мат лак во црна боја. Формата на секој дизајн, сама по себе, е органска каде единствениот додаток претставува лакот за дрвото и изгледа како модерен и софистициран дел од мебелот кој го краси домот и ентериерот на секоја просторија. Погледнете…

Најново

Може ќе ве интересира