КАФЕ ПАУЗА

„Невозможна“ фотографија од еден атом што може да се види со голо око

„Невозможна“ фотографија од еден атом

Кој бил помислил дека нешто толку едноставно би можело да биде толку неверојатно? Фотографијата на Дејвид Недлингер од позитивно наелектризиран атом заробен во електрично поле го добила првото место на натпреварот за научни фотографии.rn„Невозможна“ фотографија од еден атомrnrnИнтересно е тоа што фотографот успеал да направи нешто што се сметало за невозможно – направил фотографија од нешто што обично е со големина од околу 100 пикометри. Тешко е да се поверува дека нешто толку мало може да биде видено со голо око, а уште помалку да се фати на камера. Важно е да се спомене и дека камерата ја фатила светлина што атомот ја апсорбира и емитира додека е осветлен со ласер. Фотографот ја направил фотографијата преку стаклото на кафезот со вакуум.rn

„Идејата да се види еден атом со голо око ми се виде како мост помеѓу малиот квантен свет и нашата макроскопска реалност“, изјавил Дејвид.

rnОваа мала сина точка била доволна за да го воодушеви жирито и да ги надмине другите исто така неверојатни фотографии.rnrn„Невозможна“ фотографија од еден атомrnrnПобедникот во категоријата Еурека и откритие е фотографијата „Далеку во една кујна…“ на која е прикажана убавината на меурите од сапуница.rnrn„Невозможна“ фотографија од еден атомrnrnВо категоријата Чудно и убаво победила фотографијата од зголемено крило на пеперутка.rnrn„Невозможна“ фотографија од еден атомrnrnВо категоријата Луѓе и вештини победила фотографијата која прикажува волонтер кој носи направа што ја снима мозочната активност.rnrn„Невозможна“ фотографија од еден атомrnrnПобедник во категоријата Иновација е фотографија која прикажува како изгледа микромеур кој може да однесе лекови до одредено место во телото.rnrn„Невозможна“ фотографија од еден атомrnrnПогледнете ги и најдобрите патувачки фотографии од минатата година.