Харука Мисава од „Институтот Мисава Дизајн “ ја истражувала уникатната околна варијација помеѓу воздухот и водата низ серија 3Д печатени аква скулптури познати како водни пејзажи. Јапонската дизајнерка создала уметнички аквариуми обложени со природно инспирирани елементи кои биле печатени со користењето на најновата технологија.rnrn
rnrnКолекцијата црпи инспирација од традиционалните водни градини и подводни аранжмани популарни во Јапонија. Создадени во соработка со 3Д дизајнерите Кеничи Хашимото и Кошо Јамасаки, аквариумите овозможуваат земјените растенија да цутат во безбедни воздушни џебови, опколени со вода и животни. Различни предмети кои потсетуваат на корали и гребени дополнително го забогатуваат изгледот.rnrn
rn
„Внатрешниот простор од аквариумот е создаден со комбинирање на 2 едноставни елементи од сад и вода, со неверојатен свет кој се разликува од светот со воздух… Структури кои се склони на оштетување предизвикано од нивната сопствена тежина на копно можат да одржат стабилна состојба поради релативната сила на гравитацијата и пловната сила“, вели Мисава.
rnrnrnОвие деликатни прототипи биле изложени во Тајван, покажувајќи ги естетските можности кои се добиваат со уникатната комбинација на уметноста, природата и технологијата за да се создаде нешто ново и необично.rnrn


















