Кога моливот ќе ја допре фотографијата…

Сподели

Иако пред извесно време веќе бевме сведоци на оваа интересна техника, сепак решивме да направиме нова селекција од овие импресивни дела. Преку спојот на фотографијата и цртежот со молив во едно уметничко дело, белгискиот дизајнер Бен Хајне предизвика огромен интерес кај љубителите на уметноста. Тие никако да се заситат од оваа нова визуелна техника, која како правец  Хајне ја воведе минатата година. Овие фотографии се дел од неговиот проект „Молив VS фотоапарат“.

Реклама

Пораката на авторот е јасна. Секојдневните проблеми да ги ставите во сенка на желбите и на имагинацијата за поинакво и поубаво утре. Недвосмислено ја потенцира разликата меѓу реалноста и сонот, со тоа што цртежите му се црно-бели, а фотографиите изразено колоритни.

Во неговите „доцртани“ фотографии се испреплетуваат илузијата, реалното и надреализмот. Во фокусот се луѓето, природата, животните и  архитектурата, а главните теми се љубовта, слободата, пријателството и задгробниот живот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира