Според развивачите и финансиските менаџери на Fortune International Group и Château Group еден пентхаус во зградата во Мајами, која сѐ уште не ни почнала да се гради, е продаден за неверојатни 21 милион долари.rnrn
rnrnЦелиот 51-ви кат од 52-катната зграда Ritz Carlton во Сани ајлс бич е моментално под договор. Изградбата на луксузната зграда ќе започне во 2016-тата година, а се очекува да се заврши во 2018.rnrnИако оригинално се продавалe како две посебни места за живеење, купувачот (успешен претприемач), избрал да ги спои двете во еден пентхаус од 719 м2 со 5 спални соби, кој се протега на целиот кат. Пентхаусот исто така ќе има тераса од 330 м² со летна кујна, приватна градина и базен.rnrnЗградата ќе има 221 стан, чии сопственици ќе можат да ги користат сите заеднички услуги како што се: ресторан, надворешен базен, паркинг простор и услужен сервис кој ќе ги одржува автомобилите и ќе се грижи секогаш да имаат полн резервоар бензин.rnrnСите станови во зградата ќе имаат прозори поставени од таванот до подот, со поглед кон океанот и висина на собите од 4 метри, давајќи им на просториите „воздушно“ чувство и отвореност.rnrnВо зградата ќе се продава уште еден таков целосен пентхаус со малку поголема квадратура и затоа и по повисока цена во износ од 30 милиони долари.rnrn
Изградбата на оваа зграда во Мајами уште не ни почнала, а веќе е продаден стан во вредност од 21 милион долари!









