„The Glow“ (Блесокот) е колоритна фотосерија од бразилската артистка Сара Леал. Употребувајќи неонски бои и црна светлина, Сара истакнува одредени детали од човечкото тело, на еден невообичаен, но прекрасен начин. Портокаловата и зелената боја распрскана на сината кожа, создава една надреална композиција во која дланките, усните и очите се истакнуваат наспроти темнината.rnrn
rnrnСо својата фотосерија Леал ни открива еден затскриен свет, кој се открива единствено под осветлувањето од невидливата ултравиолетова светлина т.н. црна светлина. Таа им се приближува на субјектите за да ја фотографира нивната интимна конекција, а сенките и светлата помешани заедно, креираат воодушевувачка дисторзија помеѓу формите и боите.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.