КАФЕ ПАУЗА

Футуристичко еко село

Футуристичко еко село

Овој неверојатен футуристички дизајн, претставува концепт направен од Винсент Келебу. Инспириран од органската форма на коралите, тој креирал утописко еко село кое би било наменето за околу 1.000 семејства на Хаитите, кои настрадаа во земјотресот од 7 степени според Рихтеровата скала во 2010 година.rnФутуристичко еко селоОва „село“ е наречено „Coral Reef“ или на македонски кажано „Корален Гребен“, а изградено е на сеизмички столбови во близина на самиот брег. На него секое семејство би имало свое парче земја, за да одгледува храна. Помеѓу двата реда живеалишта би имало кањон, а целиот вештачки остров би изобилувал со тропски екосистем, односно со богата флора и фауна. Матната вода од фармите и домовите би се филтрирала, пред да биде испуштена во морето.rnФутуристичко еко селоФутуристичко еко селоЦелиот систем е јаглеродно неутрален и би се напојувал преку голем број различни обновливи извори на енергија. Напојувањето би се генерирало преку конверзија на термална енергија под столбовите, од морските струи, од турбини на ветер и преку соларните панели.rnФутуристичко еко селоФутуристичко еко селоПред некое време можевте да прочитате за успешно реализираната идеја на Џон и Синтија Харди, кои се креатори на феноменалното еколошки одржливо училиште во Бали. Па тогаш зошто да не веруваме дека и овој прекрасен концепт во брзо време би станал реалност.rnФутуристичко еко селоФутуристичко еко селоФутуристичко еко селоФутуристичко еко селоФутуристичко еко селоФутуристичко еко село