Фракталната уметност е вид дигитална уметност која се смета за нова во уметничкиот свет. Фракталните објекти не се ниту нацртани ниту насликани со рака, туку се создадени со помош на софтвер кој се базира врз математички пресметки за визуелно прикажување на објектите.rnrn
rnrnФракталите се геометриски објекти чија фрактална димензија е многу поголема од тополошката димензија. Со други зборови, фракталите се објекти кои даваат исто ниво на детали без разлика на резолуцијата која ја користиме. Значи, можете да ги зголемувате бесконечно многу, а при секое ново зголемување ќе видите некој детаљ кој претходно не бил видлив, при што количината на новите детали ќе остане скоро иста.rnrn
rnrnСилвија Кореда од Италија се запознала со фракталната уметност во јануари, 2012 година, но веќе го восхити светот со својата прекрасна работа. Нејзината 3Д апстрактна уметност, честопати насочена кон цвеќињата, изгледа како некој магичен свет.rnrn
Ѕирнете во фракталниот универзум на деталите од Силвија Кореда!









