Освен што влијаат врз нашето расположение и може да откријат многу работи за нашата личност, со помош на боите можеме да креираме и посреќен дом. А, во кои нијанси најсреќно се живее, дознајте во продолжение.
rn
1. Жолта
rnБоја на сонцето и среќата. Научно е докажано дека под нејзино влијание се подига нивото на серотонин, хормонот на среќата, во телото. Ова е со сигурност најдобрата боја за подобро расположение. Исто така, ја поттикнува и креативноста, без разлика на тоа колку е интензивна нијансата. Со жолти детали е најдобро да ја уредите вашата спална соба и бањата.
rn
2. Зелена
rnСветлозелената нијанса позната како „greenery“, беше прогласена за боја на годината. Зелената боја ја претставува природата – во светлите нијанси опушта и позитивно делува на концентрацијата, а интензивните нијанси поттикнуваат на акција. Оваа боја совршено ја поврзува внатрешноста со околината.
rn
3. Сина
rnСината е смирувачка и така делува на умот и телото, без разлика на нијансата. Симболизира доверба, а оние кои ја сакаат сината во своите домови се луѓе на кои можете да се потпрете. Најчесто во сините ентериери се работи подобро, бидејќи сте посмирени и пофокусирани. Најдобро им прилега на бањите, работните соби и спалните соби.
rn
4. Розова
rnНежно розовата во домот создава топло чувство, а тоа е и бојата на љубовта и сензуалноста. Доколку сакате вашиот дом да зрачи со оптимизам, изберете силно розова – забавна е, „пука“ од енергија и ја поттикнува креативноста. Најчесто ја наоѓаме во дневните соби и трпезариите.
rn
5, Црвена
rnОваа „жешка“ боја влева доверба и во домот сигурно ќе ви внесе оптимизам. Исто така, црвената боја е боја на виталноста. Во дневната соба ќе создадете атмосфера на добредојде, а во студените денови домот украсен со црвени детели ќе даде впечаток на топлина.


