Филм: Руби Спаркс (Ruby Sparks)

Филм: Руби Спаркс (Ruby Sparks)

Вљубени во реална личност или во идеал од сопствената фантазија?

Филм: Руби Спаркс (Ruby Sparks)Режија: Џонатан Дејтон и Валери Фарис

Улоги: Пол Дејно, Зои Казан, Крис Месина, Анет Бенинг, Антонио Бандерас

Времетраење: 104 минути

Јазик: англиски

Премиера: 6 септември 2012

Жанр: драма, романса, фантазија

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (20 гласа, просек: 8,60 од 10)
Loading...

Руби Спаркс е совршена. Таа е девојката од соништата на еден писател кој ќе има среќа еден ден случајно да ја сретне. Ако знаете дека филмот што ќе го гледате ја раскажува нивната врска веројатно очекувате да гледате бројни романтични моменти кои понекогаш ја преминуваат границата на патетичното. Сепак, овој филм спаѓа во жанрот романса само поради тоа што во средиштето на приказната третира љубовна врска. Доколку погледнете под површината, тој на многу едноставен начин пренесува цела филозофија поврзана со потребите кои се остваруваат во една врска. Го поставува прашањето дали се вљубуваме во личност од нашите соништа која потоа ја бараме во материјалниот свет, наспроти љубовта кон реална личност со сите свои доблести и мани.Филм: Руби Спаркс (Ruby Sparks)Филм: Руби Спаркс (Ruby Sparks)Келвин е млад писател кој досега напишал само еден роман, но тоа е доволно за да стекне слава и да живее удобен живот. Единствен пријател му е неговиот брат Хари, кој е загрижен поради тоа што Келвин веќе долго време нема девојка. За разлика од него, Келвин повеќе се грижи за тоа што нема инспирација конечно да почне со нова книга. Неа ќе ја добие кога на сон ќе ја види Руби Спаркс, девојката по која копнее цел живот. Одеднаш ќе му се врати желбата за живот и веднаш ќе почне со пишување.Филм: Руби Спаркс (Ruby Sparks)Неговите соништа ќе се остварат кога едно утро ќе се разбуди и во својата куќа ќе ја најде токму неа. Не му е јасно како е тоа можно, но тие веќе некое време се во врска. Келвин прво ќе се посомнева дека халуцинира, но подоцна ќе сфати дека ликот за којшто толку страсно пишува излегол од неговата книга и живее во неговата куќа. Најинтересниот момент е тоа што поради фактот дека Руби е негово дело, кога ќе згусти во врската сè што треба да направи е да седне на машината за пишување и нејзиниот карактер да го смени така како што му одговара нему.Филм: Руби Спаркс (Ruby Sparks)Нема напнати сцени во овој филм. Целото дејство се одвива во еден розов свет во којшто ликовите немаат финансиски проблеми, а времето секогаш е сончево. Гледањето е уште полесно имајќи ја предвид хемијата која постои меѓу Пол Дејно и Зои Казан, која и не треба да нè чуди ако се знае дека веќе неколку години се момче и девојка во реалниот живот. Особено импресионира глумата на Зои Казан, која во иднина може да ја очекуваме да брилјира во многу повеќе филмови.Филм: Руби Спаркс (Ruby Sparks)Ако барате филм кој ја третира љубовта без грам патетика, тогаш Руби Спаркс го заслужува вашето внимание. Сместен е во жанрот романтична комедија, но ниту е особено романтичен, ниту е комедија. Дефинитивно ќе ве изненади неговата оригиналност. Идеален е за викенд бегство од реалноста, а кога ќе се вратите во неа, веројатно и вашите ставови поврзни со оваа тема ќе бидат спремни за преиспитување.Филм: Руби Спаркс (Ruby Sparks)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар