3 работи кои не треба да им ги позајмувате на пријателките
Секоја жена барем еднаш им има позајмено некое парче гардероба на своите најдобри пријателки или позајмувала работи од други. Но, без разлика дали вие не гледате ништо лошо во тоа, поради вашата лична хигиена, морате да разграничите што ќе делите со нив.
Чевли – Никогаш немојте да им позајмувате чевли на вашите пријателки, ниту да земате од нив, бидејќи тие се совршен дом за микробите и бактериите, поради потењето на стапалата. Плус, никогаш не знаете дали личноста на која сте ѝ ги позајмиле има габична инфекција на нозете или лоша миризба.
Долна облека – Поради личното здравје, хигиена и за ваше добро никогаш немојте да делите долна облека со некоја друга. Гениталиите се најмногу склони на инфекции.
Кармин – Колку и да изгледа невино, употребувањето на вашиот кармин од страна на пријателките, не е препорачливо. Кожните болести и инфекциите многу лесно и брзо се пренесуваат по пат на балсам за усни или кармин.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.