Шнолки, венчиња, ленти, стегачи и што ли уште не, идеите за вашата фризура да биде интересна и несекојдневна се многубројни. Но за жал, многу од овие прекрасни украси за коса знаат да чинат доста, а често пати се случува да не можеме да пронајдеме токму во онаа боја или форма која што ни треба. За среќа постои начин како да ја употребите вашата креативност и имагинација, а да не потрошите премногу пари.rnrnСледат неколку интересни упатства со чија помош лесно можете да направите свои, уникатни украси за коса и следниот пат кога ќе излезете во град слободно да се пофалите пред пријателките со вашата оригиналност. Кој знае, можеби ќе привлечете и некој заводлив поглед од спротивниот пол.rn
rn
1. Шноли со кристалчиња
rnОвие интересни шноли можете да ги направите со конец во каква било боја, но и со различни камчиња, во зависност од гардеробата која ја имате. Всушност, зошто да не направите повеќе различни? Сè што ви треба се шнолки, конец, игла и камчиња кои најдобро е да бидат самите залепени на проѕирна лента, како на сликата, но доколку не најдете такви можете и директно да ги залепите на шнолата.rnrn
rnrnЛентичката со кристалчиња треба добро да ја залепите за шнолата, а ако не успеавте да пронајдете таква, залепете го секое кристалче посебно. Почнувајќи од крајот на шнолата вртете го конецот внимателно во просторот помеѓу две кристалчиња.rnrn
rnrnКрајот од конецот најдобро е да го скриете под долниот дел на шнолата за да не се познава и вашата креација да изгледа што подобро.rnrn
rn
2. Впечатлив украс со бисерчиња
rnМожеби ќе ви одземе повеќе време да го направите, но дефинитивно вреди секоја секунда. Овој украс е навистина елегантен и можете да го носите за специјални пригоди, но и во оние денови кога навистина сакате да бидете и да се чувствувате посебни. Потребна ви е обична црна шнолка, шнола со повеќе иглички (оние во вид на малечко чешле), подебел конец или тенка жица, лепак и многу бисерчиња.rnrn
rnrnПочнете така што жицата или конецот ќе ја закачите во едно од дупчињата на чешлето за да можете потоа да нанижете бисерчиња.rnrn
rnrnКраевите од секој конец врзете ги цврсто на крајот на другата шнола. Вишокот конец скратете го, а на самите дупчиња од чешлето можете да залепите бисерчиња за уште подобар ефект.rnrn
rn
3. Слатки машнички
rnОвие машнички се многу лесни за изработка и се одлични кога сакате да го разиграте вашиот стил. Одберете материјал по желба, можат да бидат еднобојни или со некој интересен принт. Можат да се направат од каков било материјал (на пример некоја стара маичка) и не одземаат многу време. Потребно ви е лепак, ножици, шнола и малку креативност. За почеток, погледнете ја изработката на овие едноставни, еднобојни машни.rnrn



rn
4. Шноли и копчиња – разиграна комбинација
rnТука веќе нема изговори, зашто за оваа креација потребни ви се само копчиња, лепак, обични шноли и неколку минути од вашето време, освен ако не ви стане интересно, па се решите да го искористите секое копче кое што ќе ви се најде по дома. А ефектот е навистина одличен.rnrn


rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
