Многумина за себе сметаат дека се добри во откривањето на туѓите лаги и дека можат секого „да го прочитаат како буквар“. Иако постојат многу истражувања кои откриваат некои показатели кои се корисни при скенирање на нечии зборови, постојат и истражувања кои потврдуваат дека колку и да се трудиме, никогаш не можеме да бидеме сигурни дека сме фатиле некого во лага. Таквото тврдење се заснова на следните причини.
rn
Се потпираме на стереотипи
rnСите знаеме некои знаци со кои се обидуваме да препознаеме дали некој лаже. Без разлика дали тоа е движењето со очите, држењето на телото или движењето и положбата на рацете, овие претпоставки не можат да се применат во секоја ситуација. На пример, постојат истражувања кои покажуваат дека лажливците остваруваат повеќе контакт со очите со цел да бидат поубедливи, наспроти стереотипот дека тие тоа го избегнуваат.rn
Не знаеме колку добро ја детектираме лагата
rnКога ги применуваме советите за откривање на лажливците најчесто не добиваме повратна информација дали нашата детекција била успешна. Некој ќе каже нешто, ние се сомневаме, но може никогаш да не дознаеме дали сомнежот бил оправдан или требало да веруваме. Токму поради тоа не е лесно да се стане свесен за сопствените способности за откривање на лагата и станува тешко истите да се подобрат.
rn
Teжнееме кон доверба во луѓето
rnПри едно истражување на испитаниците им било укажано на тоа дека половина од луѓето со кои ќе дојдат во контакт за време на експериментот ќе излажат, а тие и покрај овој факт пак сметале дека повеќе од половината ја кажуваат вистината. Едноставно, сите ние тежнееме кон тоа да им веруваме на луѓето. Истото истражување покажало и дека тоа не важи за сите професии, особено за полицајците, разузнавачите и цариниците.rn
Некои луѓе ги перцепираме како поискрени
rnЛичностите кои полесно ги искажуваат своите емоции и говорат течно ги перцепираме како поискрени. Во споредба со нив, оние кои говорат смирено не уживале толкава доверба кај испитаниците.rn
Едноставно, некои луѓе одлично лажат
rnДобрите лажливци се извежбани и имаат доволно практично искуство во лажење. Знаат што другите очекуваат да чујат од нив и успешно манипулираат со тоа. Прават самонабљудување на сопственото однесување додека лажат, го набљудуваат соговорникот кој го лажат и знаат и да почувствуваат кога да ја уфрлат лагата во игра.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

