Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?
Оваа пролет постојано си поигрува со нас, секојдневно менувајќи го расположението од блескаво сончево и топло, во врнежливо, тмурно и студено, па не знаеме дали треба да облечеме лесна облека или да понесеме капут и чадор, за секој случај.Како и да е, летото полека но сигурно ни се приближува, а тоа значи дека е време да почнеме да размислуваме за поотворени обувки, во кои ќе се чувствуваме пријатно, секси и модерно. Модата сѐ повеќе ги губи своите граници, па така и ова лето се носат од класични сандалки на штикла, римјанки, старовремски отворени кај прстите, на топук, со врвки и какви сѐ не. Разгледајте што ќе биде во мода и инспирирајте се за следниот шопинг на чевли, со мала помош од наша страна.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.