КАФЕ ПАУЗА

Шангај – градот на милионерите

Шангај – градот на милионерите

Written by

in

Денеска во Шангај живеат 23 милиони луѓе, а секој 65-ти жител е доларски милионер. Најбогати луѓе во овој град се бизнисмените, инвеститорите во недвижнини, како и професионалните инвеститори, стои во извештајот направен за милионерите од Шангај.Шангај – градот на милионерите Во него денеска живеат 370.000 луѓе кои имаат имот во вредност од 6 милиони јуани (нешто помалку од 1 милион американски долари), што значи дека секој 65-ти човек е милионер. Од нив дури 140.000 поседуваат имот над 10 милиони јуани, што е за 6% повеќе за разлика од минатата година.rnrnПокрај нив има и 8.200 супер милионери со имот кој достигнува вредност повеќе од 100 милиони јуани, или 5,1% повеќе за разлика од лани. Дури 75% од супер милионерите се сопственици на компании, 15% се инвеститори во недвижнини, додека само 10% се професионални инвеститори.rnrnБогаташите од Шангај сочинуваат 12,9% од сите богаташи во Кина. Градот се наоѓа на високото трето место во земјата по бројот на милионери и супер милионери, веднаш зад Пекинг и Шенжен.rnrnНајбогатите луѓе во Шангај се сопственици на компании за производство на храна за свињи и компании за производство на свила. Од сите богаташи во градот, постојат дури 250 луѓе чиј имот вреди повеќе од 2 милијарди јуани. Од нив 90 луѓе се доларски милијардери.rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.