Бањалучкиот ќебап во лепиња се смета за еден од најславните брендови на Бања Лука. Единствен е по својот изглед, вкус и начин на сервирање. Првпат се појавил пред повеќе од 100 години и веднаш станал хит низ целата некогашна Југославија, а потоа и пошироко. Доколку сакате да го имате на вашата трпеза за првомајските празници, пригответе го по следниов рецепт.
rn
Потребни состојки за 8 личности:
rn
- rn011
- 600 г телешко месо
- 1 чешне лук
- 1,4 кг говедско месо од рамо
- 3 прстофати бибер
- 40 г сол
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnСмелете ги телешкото и говедското месо. Измешајте ги убаво и во нив додадете ја солта. Мешајте со раце најмалку 5 минути, а потоа оставете го месото во фрижидер, да отстои 12 часа (може да стои и 24 часа). Откако месото ќе отстои, исечкајте го лукот и додадете го месото. Додадете го и биберот и повторно мешајте го месото со раце најмалку 10 минути.rn
Обликување:
rnЌебапите ќе ги обликувате со влажни раце, а пред печењето ќе ги оставите уште 2 часа во фрижидер. Бањалучкиот ќебап треба да има дијаметар од 2 сантиметри и да е долг барем 5. Се редат како „плочки“ од 4 ќебапи во низа. Од 2 килограми месо треба да се добијат околу 40 „плочки“.rn
Печење:
rnНамачкајте ја со масло решетката од скарата. Печете ги ќебапите по неколку минути од секоја страна, додека не поруменат убаво.rn
Послужување:
rnЌебапите се служат топли ставени во лепиња. По правило, заедно со нив се служи и многу кромид, но и со домати, краставица, марула и многу други сосови.
rn
Напомена:
rnДоколку се придржувате до рецептот, за подготовка на Бањалучки ќебап, потребни ќе ви бидат ден-два. Но доколку немате толку време на располагање, можете да го скратите ладењето на месото, но имајте предвид дека вкусот нема да биде ист.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

