Барем еднаш на сите ни се случило да не го слушнеме алармот и да се разбудиме со само неколку минути пред нас за подготвување. Фризурата најчесто одзема најголем дел од целата подготовка и ние во тие моменти едноставно не можеме да издвоиме толку време. Еве неколку фризури кои ќе ви помогнат да изгледате совршено за многу кратко време…rnrn
1. Направете вашата коса да изгледа свежо
rnПобедете ја мрсната коса со неколку лесни трикови: земете пудра во прав за бебиња доколку имате светла коса или камена пудра ако сте бринети и нанесете ја на врвовите со голема четка за шминкање. На овој начин вашата коса ќе добие свеж изглед. Потоа исправете ги само врвовите со пегла за коса, разбушавете ја со раце и подготвени сте за новиот ден.rn
2. Ставете лента за коса
rnЗа поелегантен изглед, исчешлајте ја косата наназад и ставете широка лента со панделка за да го покрие делот кој не сакате да се забележува. Исто така можете да ја соберете косата во пунџа за да добиете посериозен изглед.rn
3. Направете растурена пунџа
rnОва е најбрзата фризура за која ви се потребни само неколку секунди. Соберете ја целата коса и заврзете ја со стегач 2-3 пати. Доколку сакате да изгледате поуникатно, обликувајте ја пунџата со неколку шноли во боја на вашата коса, извадете неколку врвови надвор од неа за да изгледа порастурено и на крај завршете со лак за коса.rn
4. Фризура со кинески стапчиња
rnИ покрај тоа што на прв поглед изгледа тешко за правење – всушност таа е неверојатно лесна и брза. Доколку не знаете како се прави погледнете краток туторијал за оваа фризура. Не ви се потребни ни кинески стапчиња ако немате, можете да искористите обично стапче за коса или молив.rn
5. Соберете ја косата со стегач во опавче
rnПрво намокрете ја малку косата со вода за да добие брановиден облик. Потоа оставајќи еден прамен слободен, соберете ја во опавче. Откако ќе завршите завиткајте го праменот околу стегачот и прицврстете го со мала шнола.rn
6. Соберете ги шишките
rnОваа популарна фризура е одличен начин да ги скриете шишките кои ви се предолги. Со помош на две шноли или мал стегач соберете ги шишките нагоре и подотпуштете ги малку за да добиете волумен. За потренди изглед можете да ја соберете косата во растурена пунџа, а ако сакате да изгледате поелегантно, опавчето е совршен додаток на собраните шишки во овој стил.rn
7. Плетенки
rnСо малку вежбање, за многу брзо време можете да научите да правите совршени плетенки на кој било дел од косата. Француската плетенка на страна, која има улога како лента за коса е одлична идеја доколку имате многу малку време за подготвување.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

