Автор: Даниела РаденлиеваrnrnТВ сериите ни прават друштво во слободното време и иако ретко кој има многу часови на располагање во денот за да ги помине пред телевизорот, сепак миговите додека се релаксираме на овој начин ни причинуваат големо задоволство. Затоа ви нудиме 6 нови серии чии премиери ќе бидат во 2012 година и кои ќе ви годат со шолја кафе во секој дел од денот.
rn
1. Куќа на лаги (House of Lies)
rn
Жанр: драма, комедијаrnЈазик: англискиrnПремиера: 8 јануари 2012 на ShowtimernГлавни улоги: Дон Чидл, Дон Оливиери и Кристен Бел, која веројатно ќе ви биде одлучувачки фактор за да почнете да ја гледате серијата, а ја знаете како озборувачката во најпопуларната тинејџерска серија „Gossip Girl“rnКратка содржина: Серијата следи група на менаџмент-консултанти кои ќе направат сè за да ја склучат бизнис зделката, без притоа да се двоумат дали и кого ќе искористат за да ја добијат информацијата која им е потребна на нивните клиенти.rnrnНаправена е според книгата на Мартин Кин: „Куќа на лаги: Како менаџмент-консултантите ќе ви го украдат часовникот, а потоа ќе ви кажат колку е часот”, па освен добра забава, ви нуди и можност да научите нешто во полето на бизнисот.rn
rn
2. Само си ги сакам назад моите панталони (I Just Want My Pants Back)
rn
Жанр: комедија, драмаrnЈазик: англискиrnПремиера: 2 февруари 2012 на MTVrnГлавни улоги: Питер Вeк, Елизабет Хауер, Џордан Карлос, Ким ШоrnКратка содржина: Растргнат помеѓу љубовта, пријателството, кариерата и сексот, дваесет и нешто годишниот Џексон трага низ животот, барајќи забава и само забава. Живее во Бруклин, а дружењето со пријателите, одењето по барови и фаќањето девојки ги става пред својата работа во кастинг-агенцијата во која има најниска функција. Сè се менува една ноќ, кога после секс-авантурата со една девојка, таа му ги краде омилените панталони, а притоа и срцето. Сега тој добива нова цел во животот, да ја пронајде неа.rn
rn
3. Алкатраз (Alcatraz)
rn
Жанр: драма, научна фантастика, мистеријаrnЈазик: англискиrnПремиера: 16 јануари 2012 на Fox TVrnГлавни улоги: Сара Џоунс, Џефри Пирс, Сем НилrnКратка содржина: Неочекуваното исчезнување на неколкумина затвореници и чувари од Алкатраз и ненадејното и мистериозно враќање во сегашноста е главен предмет на истрага на FBI-агентите кои се во потрага по вистината за исчезнувањето, како и за лицата кои стојат зад сето тоа.rn
rn
4. Добрите христијанки (Good Christian Belles)
rn
Жанр: драма, комедијаrnЈазик: англискиrnПремиера: 4 март 2012 на ABCrnГлавни улоги: Лесли Биб, Кристин Ченовет, Ени Потс, Џенифер АспенrnКратка содржина: Серијата го следи животот на Аманда, која е неодамна разведена, мајка на две деца и сè уште позната по титулата „Кралица на кучките“ (Queen Bitch), која ù е дадена во средношколските денови. Таа се враќа во својата родна куќа, ги среќава соучениците кои ги задевала во средно училиште и се бори со однесувањето на својата мајка, која сè уште живее како во своите дваесетти години.rnrnНаправена е според книгата „Добрите христијански кучки” и ветува многу забава и многу драма.rn
rn
5. Измачување зад сцената (Smash)
rn
Жанр: мјузикл, драма, комедијаrnЈазик: англискиrnПремиера: 6 февруари 2012 на NBCrnГлавни улоги: Дебра Месинг, Брајан Дарси Џејмс, Кристијан БорлеrnКратка содржина: Драмата што ја гледаме на сцената не е ништо во споредба со онаа што се случува зад неа, додека траат подготовките за еден мјузикл. Група актери се собираат за да направат Бродвеј-мјузикл за животот на најпознатата блондинка Мерлин Монро, но тешкотиите, драмата како и личните проблеми им стојат на патот кон совршенството.rn
rn
6. Непишано право (Common Law)
rn
Жанр: драма, комедијаrnЈазик: англискиrnПремиера: за жал премиерата на оваа серија се одложи за во јуни оваа година, па ќе морате да почекате неколку месеци до нејзиното прикажување.rnГлавни улоги: Мајкл Ијали, Ворен Кол, Џек МекгиrnКратка содржина: Се работи за двајца партнери, детективи во одделот за убиства, кои буквално не можат да се поднесат меѓусебно. Заради постојаните расправии помеѓу нив, нивниот командир одлучува да ги прати кај терапевт за двојки, со надеж дека ќе си го подобрат односот. Серијата ветува комични ситуации исполнети со многу драма и акција.rn
rnrnСе надеваме дека нашите предлози ќе ви се допаднат. Се обидовме да најдеме серии за сечиј вкус. Па, уживајте во слободните мигови од новата година.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
