КАФЕ ПАУЗА

Авантурист направил фотографии во ледена пештера на -12° C

Авантурист направил фотографии во ледена пештера на -120° C

Овие воодушевувачки фотографии ја прикажуваат убавината и магијата на ледените пештери, кои лежат длабоко под површината на најголемиот глечер во Европа. Скарфедин Трејнсон го ризикувал неговиот живот за да ги направи овие величествени фотографии на температура од  -12° C под ледникот Ватнајокул во јужен Исланд.Авантурист направил фотографии во ледена пештера на -12° CБрилијантните ледени ѕидови неодамна се срушија врз еден друг фотограф, што значи дека можеле да го убијат г. Трејнсон во секој момент.Авантурист направил фотографии во ледена пештера на -12° CШуплините во ледникот се формираат како резултат на реакцијата помеѓу стопената вода и ледената плоча и тие постојано се движат и ја менуваат формата на пештерата.Авантурист направил фотографии во ледена пештера на -12° CВатнајокул е голем 3.100 километри квадратни и покрива 8% од површината на Исланд. Неговата просечна дебелина изнесува 400 метри, а под неговата површина има седум активни вулкани, вклучително и вулакнот Гримшвот кој еруптирал во 1996, 1998 и 2004 година.Авантурист направил фотографии во ледена пештера на -12° CТриесет и деветгодишниот г. Трејнсон, кој покрај тоа што се занимава со фотографија, работи и како машински инженер вели:rn
rn

„Има многу ледени пештери во исландските глечери на јужниот брег од Исланд, како и во планините. Големината и формацијата на ледниците се менува секое лето, кога се топи најголемиот дел од нивната површина. Овие две пештери кои ги има на фотографиите се околу четири метри високи и десет метри долги. Влегувањето во ледените пештери е опасно, поради фактот дека мразот може да се сруши во секој момент. rnrnНеодамна се случи трагедија, кога фотограф загина додека ги истражуваше глечерите во Исланд и на луѓето им се препорачува никогаш да не шетаат низ нив сами. Од безбедносни причини не му препорачувам на никој да влегува во глечерите без локален водич. Најбезбедниот начин да се влезе во нив, е во најстудениот зимски период од годината, кога има помали шанси да се сруши мразот врз вашата глава. Јас ги направив овие фотографии во декември.“

rnАвантурист направил фотографии во ледена пештера на -12° C
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.