(ФОТОГАЛЕРИЈА) Аеродром во знакот на баскетот: Red Bull Half Court го наполни Парк „Авионче“ со публика и енергија

Сподели

Паркот „Авионче“ во Општина Аеродром викендов беше во знакот на баскетот, музиката и добрата урбана енергија. На новата локација се одржа четвртото издание на Red Bull Half Court во Македонија, турнир кој ги собра љубителите на 3×3 кошарката, натпреварувачите и голем број посетители.

Реклама

Настанот донесе вистинска спортска атмосфера во срцето на Аеродром — динамични натпревари, брза игра, публика околу теренот и енергија што се чувствуваше во текот на целиот ден.

Баскетџиите се натпреваруваа за титулата национален шампион и за можноста да ја претставуваат Македонија на светското финале на Филипини.

Покрај спортскиот дел, настанот имаше и забавна програма. Специјален гостин беше Тони Зен, кој со својот настап дополнително ја раздвижи публиката и ја надополни урбаната атмосфера во паркот.

Настанот го водеа Димитар Атанасовски и Никола Митрески – Niklemanija, кои се погрижија посетителите да бидат дел од секој момент на теренот.

Со голем број посетители, силна поддршка од публиката и одлична викенд-енергија, Парк „Авионче“ и Општина Аеродром уште еднаш покажаа дека може да биде вистинска локација за спортски и забавни настани што ја собираат младата публика.

Погледнете дел од атмосферата низ нашата фотогалерија од објективот на Кафе пауза:

 

Најново

Може ќе ве интересира