Готови за 15 минути: Погачи со парчиња чоколадо

Готови за 15 минути: Погачи со парчиња чоколадо

Денес ви споделуваме рецепт за мали погачи кои се одлични за појадок или како слатка закуска со кафе или чај.

Готови за 15 минути: Погачи со парчиња чоколадо

Потребни состојки:

  • 375 грама шлаг
  • 360 грама брашно
  • 65 грама бел шеќер
  • 1 лажица прашок за пециво
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • парчиња чоколадо

Начин на подготовка:

1. Измешајте го брашното со шеќер, прашок за пециво и сол.

2. Додадете ги шлагот и екстрактот од ванила.

3. Во смесата додадете парчиња чоколадо по желба.

4. Добиената смеса поделете ја на два еднакви дела.

5. На набрашнета површина притиснете и израмнете ја секоја половина со дебелина од околу еден сантиметар.

6. Исечете четири до шест триаголници од секоја половина.

7. Префрлете ги триаголниците во сад за печење и печете во загреана рерна на 200 степени целзиусови околу 15 минути додека не добијат златно-кафеава боја.

8. Оставете ги да се изладат пред да ги послужите. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за вкусни и посни какао коцки за кои ви се потребни само 3 состојки.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар