Брзо и вкусно: Рецепт за печена брокула со сирење

Брзо и вкусно: Рецепт за печена брокула со сирење

Брокулата е богата со диетални влакна, витамини и минерали. Има околу 30 калории во 100 грама, па консумирањето на овој зеленчук се препорачува на сите оние кои сакаат да ослабат. Денес ви го споделуваме овој едноставен рецепт за печена брокула со сирење и зачини. Готов е за половина час, а можете да го послужите како предјадење или прилог.

Брзо и вкусно: Рецепт за печена брокула со сирење

Потребни состојки:

  • 200 грама рендано сирење
  • 2-3 помали главици брокула
  • 1 лажичка лук во прав
  • сол и бибер по желба
  • растително масло по желба

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 190 степени Целзиусови.

2. Измијте ја брокулата и исечете ја на помали парчиња. Парчињата брокула префрлете ги во поголем сад заедно со малку масло, сол, бибер и лук во прав. Добро измешајте сè заедно.

3. Подготвената брокула префрлете ја во правоаголен плех. Врз брокулата посипете го ренданото сирење.

4. Се пече во загреана рерна околу 25 минути додека брокулата не порумени и кашкавалот не се растопи.

5. Послужете додека е топло, како прилог или предјадење. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за неодоливи крокети со брокула и сирење.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар