Како ќе ни влијае младата Месечина во Риби на 20 февруари?

Како ќе ни влијае младата Месечина во Риби на 20 февруари?

Што е тоа сакате да задржите, а од што посакувате да се ослободите? Астролозите истакнуваат дека достигнувајќи го својот врв на 20 февруари 2023 година, младата Месечина во Риби ќе го извади на површина прашањето каде треба или да преземеме акција или да паузираме и да оставиме работите да се одвиваат сами по себе.

Како ќе ни влијае младата Месечина во Риби на 20 февруари?

За време на сезоната на Риби, универзумот секогаш нè тера да го следиме текот на нештата. Така, охрабрени сме да ги оставиме менталните блокови, да ги оставиме плановите и наместо тоа, да си дозволиме да нè водат интуицијата и енергијата на светот околу нас.

Покрај тоа, периодот на младата Месечина нè охрабрува да преземеме акција за работите што сакаме да ги постигнеме. Ако се чувствуваме заглавени, оваа енергија ќе ни покаже во која насока треба да продолжиме да се движиме.

Овие две состојби претставуваат јин и јанг, машки и женски принцип, а наоѓањето рамнотежа помеѓу овие две состојби е она што оваа млада Месечина нè повикува да го направиме. Не постојат погрешни начини, сè зависи од тоа како ќе стигнеме таму и каков став ќе имаме додека патуваме.

Двојноста е една од карактеристиките на овој хороскопски знак, па можеби не е изненадувачки што за време на оваа млада Месечина во Риби, ние сме поттикнати да најдеме рамнотежа помеѓу задржувањето и пуштањето.

Станува збор и за последниот знак на Зодијакот, така што можеби размислуваме за последните 12 месеци и сфаќаме каде сакаме да продолжиме. Можеби чувствуваме желба да го оставиме минатото и да размислуваме за начините на кои можеме да одиме напред.

Енергијата на младата Месечина може да ни помогне да внесеме нови инспирации во животот. Под нејзиното влијание ќе можеме да создадеме нови навики кои побрзо ќе нè доведат до целта.

Меѓу другото, и Сатурн ќе има многу силно влијание за време на оваа млада Месечина. Сатурн ги претставува нашите лекции и предизвици. Има тенденција да воведе ограничувања за да можеме да научиме што сме подготвени да толерираме, а што не. Сатурн има тенденција да истакне каде треба да преземеме одговорност за нашите животи и на што искрено сакаме да се посветиме.

Внимавајте на овие прашања за време на младата Месечина во Риби. Што е тоа што ве тера да се чувствувате ограничено? Каде се чувствувате малку затворено или тешко?

Генерално, младата Месечина во Риби може да ни биде потсетник дека треба да создадеме рамнотежа во нашите животи. Можеби ќе почувствуваме потреба да ја преземеме контролата или можеби ќе почувствуваме потреба да се ослободиме.

Размислете за она што треба да го направите. Но, дозволете му на вашето срце да талка на нови места, во потрага по нови авантури и нови идеи.

Откако прочитавте за влијанието на младата Месечина во Риби на 20 февруари, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ќе се соочат со одредени предизвици во февруари.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар