Која крвна група има поголем ризик од срцев удар?

Сподели

Според најновите истражувања, луѓето со една од крвните групи А имаат поголема веројатност да доживеат мозочен удар пред својата 60-та година во споредба со луѓето со други крвни групи.

Реклама

Крвните групи ја опишуваат богатата разновидност на хемикалии прикажани на површината на нашите црвени крвни зрнца. Меѓу најпознатите се А и Б, кои можат да бидат присутни заедно како АБ и 0. Дури и во овие главни крвни групи, постојат суптилни варијации кои произлегуваат од мутациите во одговорните гени.

Ова истражување покажало и јасна врска помеѓу генот на подгрупата А1 и раниот мозочен удар.

Истражувачите собрале податоци од 48 генетски студии, кои опфатиле приближно 17.000 луѓе кои имале мозочен удар и речиси 600.000 луѓе од контролната група која немала мозочен удар. Сите учесници биле на возраст од 18 до 59 години.

Истражувањето покажало дека луѓето со крвна група А имале 16 проценти поголеми шанси да доживеат мозочен удар пред возраст од 60 години, во споредба со испитаниците со другите крвни групи.rnЗа оние од групата О1, ризикот бил за 12 проценти помал.rn

„Сè уште не знаеме зошто крвната група А би претставувала поголем ризик“, изјави еден од научниците кои учествувале во ова истражување, Стив Китнер од Универзитетот во Мериленд. „Но, тоа веројатно е поврзано со факторите на згрутчување на крвта, како што се тромбоцитите и клетките што ги обложуваат крвните садови, како и други циркулирачки протеини“, изјави тој.

rnМозочните удари кај помладите луѓе се со помала веројатност да бидат предизвикани од масни наслаги во артериите (процес наречен атеросклероза) и поверојатно е да бидат предизвикани од фактори поврзани со згрутчување, заклучиле авторите.

Откако прочитавте која крвна група има поголем ризик од срцев удар, можеби ќе сакате да прочитате и за 6-те рани симптоми за срцев удар што се случуваат само кај жени.

Извор: ljepotaizdravlje.hr

Популарно

Може ќе ве интересира