Кои видови овошје и зеленчук содржат повеќе витамин Ц од портокалот?

Кои видови овошје и зеленчук содржат повеќе витамин Ц од портокалот?

Во зима, неопходно е да го снабдите организмот со сите витамини, минерали и хранливи материи што му се потребни за да може нормално да функционира. На тој начин ќе се одбрани и од вируси и бактерии.

Кои видови овошје и зеленчук содржат повеќе витамин Ц од портокалот?

Во продолжение прочитајте кои намирници содржат повеќе витамин Ц од портокалот.

Ананас

Колку често е застапен ананасот во вашата исхрана? Покрај витаминот Ц, ананасот е богат со бромелаин кој помага при варењето. Еве зошто е совршено овошје за празниците со оглед на тоа дека трпезата ќе биде богата со храна.

Манго

Со оглед на тоа што изобилува со природен шеќер, ќе ја задоволи вашата потреба за слатки работи. Освен тоа, антиоксидансите од мангото можат значително да го подобрат здравјето на очите.

Киви

Кивите содржат многу витамин Ц, а можат да ви помогнат и полесно да заспиете благодарение на хормонот серотонин.

Пиперка

Не е важно каква боја е, секоја пиперка има повеќе витамин Ц од портокалот и има малку калории. Идеален избор за празниците.

Брокула

Содржи и витамин К, кој е „виновникот“ за силни и здрави коски и правилно згрутчување на крвта (на пример, кога ќе се повредите).

Карфиол

Идеална храна за оние кои имаат проблем со холестеролот, бидејќи е богата со витамин Ц и не содржи масти и сол.

Откако прочитавте за тоа кои видови овошје и зеленчук содржат повеќе витамин Ц од портокалот, можеби ќе сакате да ги прочитате и 5-те предупредувачки знаци дека на вашето тело му недостасува витамин Ц.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар