Како ќе ни влијае денешната полна Месечина во Близнаци?
Денешната полна месечина ќе ни донесе интензивна енергија која може одново да ги разбуди чувствителните теми. Ова се случува главно поради присуството на Марс, кој е во конјункција со Месечината.
Марс е планета на мотивацијата, дејствувањето и енергијата. Неговото ретроградно движење ќе нè натера да ги анализираме нашите мотивации и постапки и да преиспитаме на што избираме да ја трошиме нашата енергија.
Нашата енергија е скапоцен ресурс, така што оваа полна месечина може да ги истакне и нештата на кои вреди да ја трошиме нашата енергија како и да ни посочи од што треба да се ослободиме.
Присуството на Марс исто така може да предизвика да се чувствуваме емоционално вознемирени поради нешто. Можеби ќе ни биде предизвик да ги одржуваме нашите емоции во рамнотежа, но да не заборавиме дека понекогаш е сосема прифатливо да бидеме лути, да се наметнуваме и да ги оставиме нашите вжештени емоции да се ослободат.
Сето тоа е во ред. Тоа е она што нè прави луѓе. Треба да го прифатиме она што навистина го чувствуваме, дури и ако се сомневаме дека тоа доаѓа од егото. Понекогаш треба да си дадеме дозвола само да бидеме луѓе.
Многумина од нас се срамат од чувствата на гнев и лутина. Никој не сака да се чувствува лут, никој не сака да биде тој што треба да биде лут, и додека гневот понекогаш може да биде токсичен, тој е исто така здрава човечка емоција.
Понекогаш ни е потребно бегство од секојдневието за да се ослободиме од нашиот гнев. Тогаш ќе ни биде полесно да сфатиме во која насока треба да продолжиме да се движиме.
Огнената енергија на оваа полна Месечина може да нè натера да кажеме нешто за што ќе зажалиме или може да ни ги разбуди емоциите на начин што ќе нè натера да се чувствуваме засрамени подоцна.
Сепак, бидете нежни со себе. Немојте да бидете премногу горди да се извините доколку е потребно, но немојте да го повлечете она што сте го кажале ако навистина така се чувствувате.
Имајте храброст да ги почитувате вашите граници, кои сте и за што се залагате.
Нептун е уште една планета која ќе биде активна на небото за време на оваа полна месечина. Таа е планетата на интуицијата, па затоа можеме да се најдеме во ситуација да добиеме потврда за нешто што интуитивно сме го насетувале некое време.
Верувајте им на вашите инстинкти под оваа полна Месечина, и ако ви треба, Универзумот ќе ви испрати знаци на потврда.
Сега е време да ги почувствуваме, доживееме и тестираме границите што самите сме ги изградиле.
Мора да продолжиме да одиме напред, да продолжиме да се прилагодуваме и да продолжиме да се предизвикуваме себеси со цел да ја продолжиме нашата мисија.
Нашата духовна страна знае дека нашето патување е, всушност, учење за животот и дека љубовта е сè што навистина постои.
Откако прочитавте за влијанието на денешната полна Месечина, можеби ќе сакате да го прочитате и финансискиот хороскоп за оваа зима.
Извор: atma.hr