Стрелец и овен – пријателска комбинација

Стрелец и овен – пријателска комбинација

Овенот и стрелецот имаат потенцијал да станат одлични другари. Двајцата обожаваат да се забавуваат до раните утрински часови, располагаат со непресушен извор на енергија и кога се заедно, задоволството е обострано. Плус, никој не може да организира побучна и пооткачена забава од овенот, па стрелецот има причина плус зошто да го обожава. Тој ù се восхитува на спонтаноста која ја поседува овенот, а овој ја обожава смислата за хумор која ја има стрелецот. На стрелецот му се допаѓа искреноста, отворениот ум и пријателското однесување на овенот, а тој пак ја обожува директноста, ентузијазмот и храброста на стрелецот.Стрелец и овен - пријателска комбинацијаОвенот и стрелецот се атлетски типови луѓе, кои може да уживаат согорувајќи ја вишокот енергија во салата за вежбање или на спортските терени. Тие имаат многу заеднички интереси, кои може да вклучуваат стрелаштво, кошарка и акциони филмови. Исто така, може да поминуваат прекрасно време заедно, особено кога се некаде на кампување, на пат во странство или додека танцуваат и се веселат во ноќен клуб или на некоја приватна журка.

Се прашувате дали постојат некакви „нерамнини“ во ова пријателство? Па, стрелецот не му се восхитува баш на шефовското однесување кое го има овенот. Од друга страна, овенот не ја обожава навиката на стрелецот вечно да доцни и да не го почитува договореното време. Исто така, на стрелецот не му се допаѓа тоа што овенот сака секогаш да биде по негово, а овенот не се чувствува во ред, кога стрелецот ќе му откаже дружба поради некој друг, кој бил на ред според неговиот дневен план. Како и да е, доколку овие другарчиња успеат да ги надминат ваквите разлики, нивната конекција ќе биде нераскинлива.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Eleni Reply

    da ovnite sakaat da se sefovi i da e po nivno, a strelcite sakaat da si kasnat 😛 i da menuvaat planovi,. jas sum strelec

Остави коментар