Експертите тврдат дека консумирањето на овие пијалаци може да предизвика губење на меморијата!

Експертите тврдат дека консумирањето на овие пијалаци може да предизвика губење на меморијата!

Нови истражувања покажале дека модерниот начин на живеење може да доведе до деменција, при што како главни виновници се наведуваат лошата исхрана и консумирањето нездрави пијалаци. Експертите особено ја посочуваат штетноста на газираните и зашеќерените пијалаци.

Експертите тврдат дека консумирањето на овие пијалаци може да предизвика губење на меморијата!

„Можеби за многумина деменцијата претставува нешто неизбежно, но податоците со кои располагаме ни кажуваат дека таа најчесто се појавува како резултат на нездрав начин на живот. Можеби ќе сакате да размислите два пати пред да консумирате газирани пијалаци и други слатки производи бидејќи една од главните причини за губење на меморијата е шеќерот што се наоѓа во храната и разноразните пијалаци“, предупредува нутриционистот Рори Бат.

Истражувањата покажале и дека консумирањето зашеќерени пијалаци може да доведе и до зголемен ризик од развој на Алцхајмерова болест која е и најчестата причина за појава на деменција. Без оглед на видот на шеќерот, без разлика дали се работи за газирани пијалаци, слатки или колачи, откриено е дека оние кои консумираат најмногу шеќер имаат најголем ризик да заболат од Алцхајмерова болест.

„Премногу шеќер во газираните пијалаци е поврзан со дијабетесот тип 2, еден од најголемите фактори за ризик од деменција. Освен тоа, новото истражување откри дека вишокот шеќер во гореспомнатите пијалаци може да го зголеми ризикот од Алцхајмерова болест, а со намалување, пак, на внесот на газираните пијалаци го намалуваме ризикот од развој на деменција во подоцнежните години“, вели докторот и автор на ова истражување, Даг Браун.

Откако прочитавте за најновите истражувања во поглед на деменцијата, можеби ќе сакате да прочитате и за есенцијалното масло кое ги намалува симптомите на деменција.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар