Астролошки предвидувања: Кои ќе бидат најважните денови во август?

Астролошки предвидувања: Кои ќе бидат најважните денови во август?

Астролозите за август предвидуваат дека ќе биде месец на пресврти и позитивни промени. Животот ќе ни биде побогат благодарение на авантурите кои нè очекуваат, но во одреден момент мораме да погледнеме во минатото и да учиме од него. Во продолжение прочитајте кои ќе бидат најважните датуми во август!

Астролошки предвидувања: Кои ќе бидат најважните денови во август?

1 август – Конјункција на северен јазол на Уран со Марс во знакот Бик

На овој ден можно е да добиеме неочекувани информации и да се соочиме со нагли промени, но сето тоа ќе се случува за наше добро.

8 август – Лавовска порта

Лавовската порта го следи изгревањето на ѕвездата Сириус која древните ја сметале за наше духовно сонце. Меѓу другото, осмиот ден од осмиот месец се смета за најсилниот ден за манифестирање на вашите желби бидејќи нумеролошката низа 8-8 е поврзана со бесконечност, мудрост и зголемена свесност.

11 август – Полна Месечина во Водолија

Оваа полна Месечина ќе ни помогне да расчистиме со работите кои сме ги избегнувале или потиснувале. Сатурн ќе биде особено активен под нејзино влијание. Тоа, пак, може да придонесе да се чувствуваме збунето. Доколку оваа енергија продолжи да расте, важно е да останете приземјени и да преземете мали чекори напред.

22- 25 август – Сонцето во конјункција со Регул

Регул е една од четирите кралски ѕвезди и е заштитник на северното небо. Се смета дека носи позитивна енергија.

22 август – Сонце во Девица

Знакот Девица е симбол на независност и моќ. Таа е самоуверена и се однесува со почит кон себе и кон сопственото тело.

24 август – Ретрограден Уран

Уран влегува во ретроградна фаза во која ќе остане сè до 2023 година. Таа е планета на промените, па кога ја започнува својата ретроградна фаза неопходно е да се осврнеме на промените кои ни се случиле во последните 7 месеци и да направиме анализа на сето она што сме го постигнале и што треба да направиме за да постигнеме уште повеќе.

27 август – Млада Месечина во Девица

Марс ќе биде повторно активен под оваа млада Месечина и ќе нè поттикне да се поврземе со нашите страсти. Оваа планета ќе ни помогне и да ги надминеме нашите стравови и да продолжиме да чекориме во посакуваната насока. За време на овој период не заборавајте ја пораката на знакот Девица – верувајте во себе, бидете независни и внимателно следете ги вашите амбиции и цели.

Откако ја прочитавте астролошката прогноза за август, можеби ќе сакате да прочитате и кои хороскопски знаци ги очекуваат проблеми во август.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар