Одличен предлог за ручек: Италијански рецепт со модар патлиџан и тиквички
Едно од најпопуларните јадења на Сицилија е капоната чија главна состојка е сезонскиот зеленчук. Во продолжение прочитајте го нашиот рецепт кој е брз и лесен за приготвување.
Потребни состојки:
- 1 голем патлиџан (околу 500 грама)
- 1 голема тиквичка
- 1 главица кромид
- чили
- 150 грама домати
- целер
- 40 грама капарис
- 40 грама зелени маслинки
- 40 грама суво грозје
- 1 лажица шеќер
- 150 милилитри пасирани домати
- 1 лажица рендано темно чоколадо
- 40 грама бадеми
- нане
- масло за пржење
- маслиново масло
- сол
Начин на подготовка:
1. Модриот патлиџан и тиквичките исечкајте ги на коцки со големина од 2 сантиметри. Ситно исечкајте ги доматите и кромидот. Посолете го модриот патлиџан, а потоа префрлете го во цедалка да се исцеди.
2. Пржете ги модриот патлиџан и тиквичките додека не поруменат, а потоа префрлете ги на хартиена крпа која ќе го впие вишокот масло.
3. Пржете ги кромидот и целерот додека не омекнат, а потоа додадете чили доколку користите. Додадете ги доматите, па пржете уште неколку минути.
4. Додадете ги сувото грозје, шеќерот, маслинките, пасираните домати, чоколадото и на крајот додадете капарис. Продолжете да го пржите зеленчукот на намалена температура.
5. Тргнете ја тавата оган и оставете го зеленчукот да се излади на собна температура, па посолете по потреба. Во меѓувреме пропржете ги бадемите, а потоа додадете ги заедно со нането пред послужување. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за модар патлиџан полнет со пилешко месо и зеленчук.
Извор: punkufer.dnevnik.hr