Периодот на полната Месечина е совршена можност да се ослободите од непотребниот товар. Откако ќе утврдите што е тоа што не сакате повеќе да го носите со себе, енергијата на Месечината ќе ви помогне да се насочите кон патот на ослободувањето. Сега е добро време да се ослободите од самокритичноста и перфекционизмот кои ве спречуваат да ги работите нештата онака како што вие посакувате.rnrn
rnrnПокрај тоа, можете и да размислите за тоа дали и колку ја цените сопствената вредност. Секогаш заслужувате подобро, но како можете да го покажете тоа? Како да го живеете животот со помислата дека сте важни и дека вашето „јас“ заслужува да биде слушнато и видено?rnrnОд друга страна, станува збор и за последната полна Месечина пред рамноденицата. Пролетната рамноденица се смета за клучен момент во астрологијата бидејќи го претставува почетокот на астролошката година.rnrnПред да настапи новата астролошка година, искористете ја енергијата за прочистување на оваа полна Месечина и размислете за сето она што ви се случи во последните 12 месеци. Поставете си нови цели и дозволете ѝ на месечевата енергија да ви го покаже патот. Ќе ви биде полесно да се справите со можните пречки само доколку ги следите принципите на универзумот.rnrnОвде вреди да се спомене дека планетата Нептун во голема мера ви помага да воспоставите врска со универзумот, но и преку сопствената интуиција да се поврзете со полната Месечина.rnrnНептун е симбол на духовниот раст, а благодарение на неговата енергија, ќе можете да ја развиете сопствената интуиција, односно сè појасен ќе станува вашиот внатрешен глас. Иако понекогаш работите можат да изгледаат прикриени на прв поглед, сепак тоа е поттик да престанете да барате решение во надворешниот свет и наместо тоа, да се свртите кон себе.rnrnДоколку постои нешто што ве мачи, размислувајте за проблемот така што ќе бидете водени од внатрешниот глас, а не од мислењата на другите. Благодарение на овој пристап, ќе можете целосно да ја разберете суштината на проблемот.rnrnЕнергијата на Нептун ќе ви помогне да го промените начинот на кој ги гледате нештата, да сфатите дека сè е привремено, а дека животните лекции имаат за цел да ви помогнат во вашиот духовен развој.rnrnНема да бидете поштедени од работа на емоциите доколку почнете да ги гледате работите од духовна перспектива, но тоа ќе ви даде помош и поддршка, особено доколку поминувате низ тежок период.rnrnПод влијанието на месечевата енергија, престанете да си вршите саботажа и потсетете се на сопствената вредност. Нека духовното патување ви помогне да сфатите дека вашата душа е подеднакво вредна и дека веќе го знае патот по кој треба да чекорите. Доволно е да бидете нежни со себе и да не барате совршенство од себе или од другите.rnrnОткако прочитавте што ни предвидуваат астролозите за 18 март, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во март.rnrnИзвор: atma.hr
Полна Месечина во Девица на 18 март: Време е да се ослободиме од непотребниот товар!
